Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во нов вооружен напад во Калифорнија загинаа седум лица

0
By Соња Крамарска on January 24, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 24, 2023 09:32

Вооружен маж уби седум лица во американската сојузна држава Калифорнија во близина на Сан Франциско пред да биде уапсен, само два дена по нападот во кој загинаа 11 лица.

Најновиот напад се случи на две одвоени локации во заливот Халф Мун, на околу 50 километри јужно од Сан Франциско, јавува Би-Би-Си.

Според локалните медиуми, станува збор за два земјоделски имоти.

Напаѓачот е идентификуван како Жао Чунли, локален жител со азиско потекло.

Новиот напад се случи два дена по убиството на 11 лица во сала за танцување во паркот Монтереј, каде живее мнозинството од азиското малцинство, за време на прославата на Лунарната Нова Година.

Осомничениот за последниот напад е фатен на камера од новинарите како се предава во канцеларијата на шерифот на округот Сан Матео, околу два часа по нападот.

Првите четири жртви биле пронајдени на фарма за печурки околу 14:22 часот по локално време (02:22 часот по средноевропско време), додека другите три биле пронајдени во блиската камионска компанија.

Инспекторите се уште не го објавија мотивот за овој напад.

Шерифот на округот Сан Матео, Кристина Корпус, на прес-конференција рече дека осомничениот бил уапсен откако попладнето сам се возел во локалната полициска станица.

Нему му е пронајден полуавтоматски пиштол што можеби бил користен во нападот и „соработува“ со полицијата, рече таа.

Таа додаде дека осмото лице е префрлено во болница и е во критична состојба.

„Овој тип на вооружен напад е застрашувачки. Тоа е трагедија што се случува премногу често, но денес се случи дома во округот Сан Матео“, рече таа.

Таа потврди дека меѓу очевидците имало и деца кои штотуку се вратиле од училиште и кои живееле на тој селски имот.

„Не можете да кажете со зборови колку е страшно што децата го гледаа ова“, рече таа.

Жртвите се кинески земјоделски работници.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, напиша на Твитер дека бил во болница за да разговара со жртвите од нападот во салата за танцување кога тие му се јавиле да го известат за новиот вооружен напад, пренесува Франс прес.

„Овој пат во заливот Half Moon. Трагедија врз трагедија“, напиша тој на Твитер.

Информиран е и американскиот претседател Џозеф Бајден, рече неговата портпаролка, додавајќи дека побарал од федералните безбедносни сили да им ја пружат сета можна помош на локалните власти.

вооружен напад Калифорнија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.