Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зајкова: Вчера разговаравме и за окрупнување на владиното мнозинство, ќе дадеме поддршка за европска коалиција 

0
By Соња Крамарска on January 24, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 24, 2023 12:54

Претседателката на Либерално-демократска партија и пратеничка Моника Зајкова денеска изјави дека на вчерашната средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на коалициски партнери на СДСМ, разговарале и за окрупнување на владиното мнозинство, а дали ќе дадат поддршка за тоа Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција, вели, ќе зависи од програмските цели на таа коалиција.

„За нас, се што значи движење на брзиот воз на Европската Унија и европска агенда, ние даваме поддршка, меѓутоа кога влегувате во една коалиција мора да знаеме кои ќе бидат програмските цели на таа коалиција, за што таа коалиција ќе се залага и која е целта“, рече Зајкова во однос на тоа дали за нив е прифатливо Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција.

„Досега јас не сум слушала ниту една партија да се огради дека не е за тоа и сите имаме иста цел, но имаме различни гледишта во поглед на решенијата и одлуките како да се стигне до таа цел. За ЛДП секогаш ќе биде важно какви идеали ќе дели таа коалиција и која програма ќе се застапува и од тоа ќе зависи дали ќе даде поддршка или не“, рече Зајкова.

Зајкова изјави дека процесот за уставните измени треба да започне и секој пратеник индивидуално одлучува за тоа каква одлука ќе носи понатаму врз основа на својата визија за иднината и развојот на државата.

„За уставните измени процесот треба да започне и секој пратеник индивидуално одлучува за тоа каква одлука ќе носи понатаму врз основа на својата визија за иднината и развојот на државата и говоревме дека пратениците не треба да бидат предмет на никакви пазарења или притисоци, како што сме сведочеле во минатото“, рече таа.

Зајкова потенцира дека синоќешната средба била за меѓусебно брифирање. „Синоќешната средба е една од редовните средби што владината коалиција и владините партнери ги остваруваат меѓусебно. Јас сум новоизбран претседател на ЛДП и сум првпат на ваква средба. Меѓусебно се информираме и си брифираме за тековните политички случувања, справувањето со економската и енергетската криза во државата, колку од владината програма досега е реализирана и што останува. Се разгледуваше планот како понатаму ќе се движиме по интегративниот пат, но беше зборувано и за можностите за окрупнување на владиното мнозинство“, рече Зајкова.

Ковачевски синоќа во Клубот на пратеници одржа средба со претседателите и други високи претставници на парламентарните партии со кои СДСМ заедно настапи на последните парламентарни избори и кои се дел од владината коалиција. Тој на Фејсбук објави дека на средбата е разговарано за реформите и за европска иднина на државата.

„Разговаравме за активностите во 2023 година, за мерките и политиките во глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програмата, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднината на државата“, објави Ковачевски.

Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов во изјава за медиумите пред почетокот на синоќешната средба со коалициските партнери рече дека остануваат на ставот околу можното проширување на парламентарното мнозинство, дека ќе поддржат реконструкција на Владата само доколку се обезбеди соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, што е, вели во согласност со Уставот и Амандманот 6.

„Соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта и во другите институции. За тој принцип јас се залагам. И доколку така се компонира новата влада или реконструирана влада ќе поддржам. Во спротивно не сме подготвени како партија да прифатиме уцени. Таа партија што има проблеми со парламентарната група треба да ја плати цената. Сега ДУИ има шест министерски места. Ако сакаат нов партнер, тогаш треба да отстапи две места. Тоа би било во ред. Но генерално мислам дека соодветната застапеност значи некаде пет до шест министерски места. Бидејќи така сме поделени, така е конципирано во Уставот за соодветна застапеност на етничките заедници така треба и тоа да се спроведува во пракса“, вели Трајанов.

Димитар Ковачевски европска коалиција Моника Зајкова Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.