НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандски десничар го искина Куранот пред Парламентот во Хаг и ги запали страниците во тава

0
By Ана Василевска on January 24, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Едвин Вагенсвелд
Едвин Вагенсвелд
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Едвин Вагенсвелд, водачот на холандското движење Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот (ПЕГИДА), викендов во Хаг го искина Куранот.
Вагенсвелд на својот Твитер-профил сподели видео на кое го кине Куранот пред зградата на Парламентот во Хаг.За време на инцидентот бил сам и се се одвивало под полициска заштита. Тоа му било дозволено под услов да не го запали Куранот по примерот на саботниот инцидент во Шведска, објави турската агенција „Анадолија“.

Во продолжение на споделеното видео се гледа како искинатите страници од Куранот се запалени во тава, на друга локација.

Овој инцидент се случи веднаш по оној од  инцидентот во саботата во Шведска кога Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската данска партија „Цврст курс“ (Страм Курс), запали копија од Куранот пред Турската амбасада во Стокхолм. За време на палењето на светата исламска книга, Палудан бил опколен од бројни припадници на полицијата.

Реагираше Министерството за надворешни работи на Турција, кое најостро го осуди нападот врз Куранот во Хаг, Холандија, а амбасадорот на земјата во Анкара, Џоп Вајнандс, е повикан во Министерството при што му е пренесен официјален протест за инцидентот.

„Најостро го осудуваме гнасниот напад од страна на антиисламска личност во Хаг, Холандија, на 22 јануари, насочен кон нашата света книга – Куранот. Овој одвратен чин што ги навредува нашите свети вредности и вклучува злосторство од омраза, по Шведска, овој пат во Холандија, е јасна изјава дека исламофобијата, дискриминацијата и ксенофобијата не познаваат граници во Европа“, се истакнува во соопштението.

Беше истакнато дека таквиот чин е директно насочен кон основните права и слободи, духовните вредности и социјалната толеранција, не само на муслиманите, туку и на целото човештво и оти штети на културата на заедничко живеење во мир.

Се додава дека холандскиот амбасадор во Анкара бил повикан во Министерството и му била пренесена осуда и протест против тој „грозоморен и одвратен чин“. Посочено е оти се очекува холандските власти да ги преземат неопходните активности против сторителите на инцидентот и да спроведат конкретни мерки за да се спречи повторување такви инциденти.

антиисламизам европски десничари Едвин Вагенсвелд куран Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.