Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Разговорите околу отворањето на МКЦ во Благоевград ќе продолжат по изборите во Бугарија

0
By Ана Василевска on January 25, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Благоевград
Благоевград
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2023 14:32

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на МКЦ во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада.

„Проценките беа дека ќе успее таму да се направи политичка влада, со која ќе може да се разговара подолгорочно, меѓутоа Бугарија повторно ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат со нивното политичко екипирање и со изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, рече Ковачевски по посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип“, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека барањето веќе го имаат подготвено и е разговарано, но со техничката влада во Бугарија.

„За овие прашања ние разговараме. Ние, кога отворивме канцеларија на МИА во Софија, тоа беше направено врз основа на добра волја на властите во Софија и во Скопје. Исто така, имаме МКЦ во центарот на Софија, каде е сместена и МИА, како што Бугарија има културен центар во Скопје. Тоа е начин накој две држави ги регулираат своите односи на планот на информирање и размена на културните вредности“, додаде премиерот Ковачевски.

Димитар Ковачевски министерство за култура МКЦ Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.