Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Од нас зависи дали ќе ги отвориме поглавјата во преговарачкиот процес 

0
By Соња Крамарска on January 30, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 30, 2023 11:41

„Ние сме во фаза на билатерален скрининг, којшто успешно се одвива и којшто треба да го завршиме оваа година. Дали ќе ги отвориме поглавјата во рамки на преговарачкиот процес е нешто што зависи од нас. Во оваа, 2023 година, ја имаме најголемата шанса досега да ги забрзаме преговорите и до 2030-та година, Северна Македонија да стане членка на Европската Унија“, рече премиерот Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој рече дека преговорите се почнати со целосно заштитен македонски јазик, а со тоа и македонски идентитет и тоа е веќе кристално јасно за сите надвор, а рече дека се надева и за сите добронамерни дома.

„Почитувањето, вреднувањето, зајакнувањето и унапредувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет зависат најмногу од нас самите, тука дома. Нашата историја, традиција и јазик кои сме ги наследиле од нашите предци, и за што е дадена вековна огромна жртва, никој и никогаш не може да го земе. Имаме своја македонска историја, култура, традиција по кои што сме признаени во Европа и светот како посебен народ и посебна држава“, рече Ковачевски.

Во однос на критиките за судството, тој, пак, рече дека извршната власт направи се за ефикасно судство.

„Во рамки на заложбите, како извршна власт, направивме сè што зависи од нас за ефикасно правосудство, по донесените закони – и 5 основни судови, конкретно во: Кавадарци, Струмица, Штип и Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје се опремени со современа опрема, како дел од планот за дигитализација во правосудството“, рече шефот на Владата.

Тој додаде дека од ноември минатата година во функција е и најголемата дигитална судница во државата, во Идризово.

„Во услови кога сите погледи се насочени кон борбата со криминалот и корупцијата како предизвик во национални и регионални рамки, стеснет е просторот за изговори кога станува збор за ефикасното и професионално постапување на надлежните органи. И секој има обврска да испорача резултати за тоа за што е платен од граѓаните“, рече Ковачевски.

Премиерот се осврна и на малцинските права во земјава. „Северна Македонија им гарантира и им овозможува на сите народи и сите граѓани кои живеат на ова тло и кои ја сметаат земјава за дом, непречено да си ги остварат своите права. И тоа сме го покажале и докажале на дело многу пати досега. Ние сме горди на нашето мултикултурно општество, горди сме што сме Европа во мало. Така било, така е, така и ќе биде“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во нашата држава живеат рамноправно граѓани од различни етнички заедници со коишто успешно градиме општество за сите, и рече дека тоа е пример за соживот.

Ковачевски смета и дека во Бугарија се подготвуваат за нови парламентарни избори и „поединци преку националистичка и популистичка реторика се обидуваат да добијат видливост и гласност.

„Има веројатно и обиди да се наштети, не само на билатералните односи, туку и на единството во Европа, на кое што посебно упати војната во Украина, а кое што треба да се обезбеди преку натамошното проширување на Унијата. Затоа, сите ќе си ја гледаме својата работа. Наша работа е да ги штитиме националниот идентитет, стабилноста и безбедноста на државата и да го овозможиме напредокот“, рече Ковачевски на конференцијата „Година на нови можности“ што во организација на Владата се одржува денеска и утре.

Р.Н.

Димитар Ковачевски конференција „Година на нови можности“ Поглавја преговорин со ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.