НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жртвите на сексуална злоупотреба од Француската католичка црква бараат финансиска компензација: „Сакаме правда“

0
By Ана Василевска on January 31, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Една од жртвите Ненси Кутурие
Една од жртвите Ненси Кутурие
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 5 октомври 2021 година, Независната комисија за сексуална злоупотреба во Француската католичка црква го објави својот извештај. Нејзините откритија беа застрашувачки.

Од 1950 до 2020 година, повеќе од 330.000 малолетници биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештеници или мирјани во рамките на Црквата.

Катедрала во Лион
Катедрала во Лион

Како одговор, беа создадени две независни тела за да се занимаваат со репарации: Националното тело за признавање и репарација, и Комисијата за признавање и репарација. Повеќе од една година подоцна, дали жртвите успеаја да најдат мир? Далеку од тоа, вели една од жртвите Ненси Кутурие.

Таа била нападната и силувана како дете и била првата личност која се занимавала со Комисијата за признавање и репарација. Според неа, на жртвите итно им е потребна финансиска компензација.

Барање финансиска правда

„Бараме правда. Финансиска правда. Веќе немаме граѓанска правда. Сакаме признавање на она што го поминавме, бараме жртвите да бидат обесштетени рамномерно со тоа што го поминаа , и сè уште страдаат, ментално и морално“, изјави Ненси Кутурие за Еуроњус.

Откако се почувствува понижена од предлогот на Комисијата за компензација, Ненси одлучи да основа Здружение за да им помогне на другите жртви да ги остварат своите права. Таа не е единствената што е изгубена меѓу одлуките на Комисијата : некои беа информирани за предлогот само по пошта.

„Го прочитавте писмото: жртвата е добро позната, свештениците се познати, се што и се случи е познато… И тогаш прочитавте 37.000 евра. Мислев: тоа не е можно, 37.000 евра“, рече Ненси. .

„За да добиеш 60.000 евра, мора да бидеш врзан за кревет, не знам… Одвратно е, !

60.000 евра е максималниот износ на компензација на располагање. Тоа не е доволно за г-дин Саниер, адвокатот на здружението. Тој изјави за Еуроњус дека компензацијата треба да биде соодветна на направените прекршоци.

„Нема да ја надмине сумата што ја добив пред судот во Сент Етјен, за свештеник кој ја стави раката на задникот на едно момче“, објасни Жан Саниер.

Адвокатот Жан Саниер
Адвокатот Жан Саниер

И тоа е проблемот, објаснува тој, бидејќи комисиите не ги земаат во предвид трошоците за згрижување на жртвите.

„Кога сте потрошиле повеќе од 60.000 евра на лекување и терапии и сте ограничени на обештета од 60.000 евра, тоа значи дека нема да добиете никаков надомест“, додаде тој.

За г-дин Саниер, ова е за заштита на парите на црквата. Претседателот на Комисијата за признавање и репарација, Антоан Гарапон, смета дека ниту една сума пари не може да ги поправи овие уништени животи.

„Сметаме дека би било нечесно да се одржи перспективата за целосна репарација што тие никогаш нема да ја добијат затоа што едноставно не можете да го надоместите тоа што им се случи на овие луѓе“, изјави тој за Еуроњус.

Друга причина за загриженост е тишината. До денес, помалку од 1% од 200.000 жртви во Франција започнале процес на репарација.

Извор Еуроњус

Подготви А.В

Жртви од сексуално искористување на свештеници Католичка црква Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.