НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекорден скок на побарувачката за злато ширум светот

0
By Соња Крамарска on January 31, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рекорден пораст на побарувачката за злато се забележува низ целиот свет, при што централните банки ширум светот ги засилиле своите купувања, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на податоци од Светскиот совет за злато. Аналитичарите веруваат дека купувањето злато достигна највисоко ниво во последните 55 години.

Според проценките на ФТ, побарувачката на злато во 2022 година се зголемила за 18 отсто односно на 4.741 тони, што е највисоко ниво од 2011 година. Годишното купување злато од централните банки изнесуваше 1.136 тони, што е двојно повеќе од 2021 година.

Во втората половина на 2022 година, регулаторите ги зголемија купувањата на историски нивоа. Во последниот квартал од 2022 година, регулаторите купиле 417 тони злато, што е речиси 12 пати повеќе од истиот период во 2021 година, забележува весникот.

Аналитичарите велат дека централните банки го зголемиле купувањето злато за да ги диверзифицираат своите резерви во долари поради замрзнувањето на руските резерви од САД поради санкциите. Малопродажните инвеститори се заинтересирани и за купување злато за да го заштитат својот капитал од висока инфлација.

На 24 јануари цената на златото на светскиот пазар достигна 1942,5 долари за  унца, што е највисока вредност од 22 април минатата година. Во текот на изминатите три месеци, цената на златото се зголеми за 19 отсто, а од почетокот на јануари – за 6 отсто.

зголемена побарувачка злато
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.