Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глигор Делев и Надир Мурсели искачија шест врвови над 3000 метри на експедиција во Јужна Америка

0
By Ана Василевска on February 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Глигор Делев и Надир Мурсели
Глигор Делев и Надир Мурсели
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 3, 2023 09:38

Шест планински врвови повисоки од 3000 метри надморска височина во неколку земји од Јужна Америка од 12 јануари до 1 февруари искачија алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели.  Нивната експедиција била насочена кон врвови и вулкани што се наоѓаат на над 3000 метри, а најмногу достигнале до 5700 метри надморска височина (мнв).

Во Мексико ги искачиле Круз де Маркес (Cruz de Marques-3937мнв), Пико Дел Агила (Pico del Augila-3880мнв) Невадо де Толука (Nevado de Toluca-4780мнв) и Пико де Орисаба (Pico del Orizaba-5000 мнв).

Во Гватемала се искачиле на Ел Акатенанго на 3976 мнв додека се откажале од намерата за искачување во Перу поради политички немири. На крајната дестинација во Боливија се искачиле на Чакалтаја (Chacaltaya-5421 мнв) додека на Хуајна Потоси (Huayna Potosi) стигнале до 5700 метри надморска височина и се откажале поради временските неприлики да стигнат до највисоката точка од 6088 мнв.

„Мојот личен мотив беше да се оди во Јужна Америка на што повеќе врвови во различни делови. Исто така мотив ни беше што повеќе да се биде на висина од над 3000 метри надморска височина. Тоа е голем предизвик за планинарите затоа што над 3000 метри се јавува хипоксија (недостиг на кислород н.з) и тоа е една ситуација сосема различна кога сме на нашите планини тука како Титов врв, Љуботен. Да се искачиш на овие високи планина треба прво добро да се аклиматизираш. Константно да се качуваш на тие височини, па да се слезе пониско, да се менува висиочина. Мора да се слуша телото како реагира. На тие планини процентот на кислород е многу помала височина. Пример Тетово е на 460 мнв, па има огромно разлика, изјави Надир Мурсели“, алпинист кој живее во Тетово.

Дел од врвовите на кои се искачиле претставуваат неактивни вулкани, а забележале и дел од активните вулкани како се активираат.

„Се работи за планини кои не се технички тешки туку чисто за искачување на височина. Инаку во екстремниот спорт има луѓе кои на планинини достигнуваат од пет до седум илјади метри надморска височина. Боливија ми остави најголем впечаток, поради спецификата на планините но и животот во таа земја“, ни изјави Мурсели.

Алпинистот Глигор Делев е вториот Македонец кој се искачил на Монт Еверест во 2007 година. Роден скопјанец (1960), кој живее и работи во Канада како доктор. Надир Мурсели на планините низ светот, највисоко стигнал на Хималаите – на Ајланд Пик на 6200 мнв, а учествувал на ескпедиции на врвовите Денали (Мекинли) и Аконкагва.

Глигор Делев и Надир Мурсели Јужна Америка планинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.