НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Обезбедени 3,2 милиони евра за субвенционирање на сметки за струја за домаќинствата други видови помош 

0
By Соња Крамарска on February 7, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешната прес-конференција на министерот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше за најновите владини одлуки. Тој рече дека и во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории на граѓани.

За оваа мерка се предвидени 60 милиони денари, односно еден милион евра.

Притоа е предвидено субвенционирање на сметката на електрична енергија на домаќинства со ниски приходи од 600 до 800 денари од сметката за струја.

Јавниот повик за оваа мерка е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија, и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да се пријават до крајот на февруари.

„Согласно програмата за самец со приходи до 18.000 денари денари, за домаќинство  со два члена до 25.000 денари и за домаќинство до три члена до 30.000 денари, намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за  домаќинство со четири члена со приходи  до 36.000 денари и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари“, информираше министерот.

Оваа мерка годинава, како што дополни, е проширена со други социјално ранливи категории на лица како што се корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување.

Исто така новина е што доколку овие домаќинства направат заштеда на електрична енергија од 10 отсто споредено со истиот период минатата година, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на сметката за електрична енергија во зависност од категоријата.

Минатата година преку оваа мерка беа субвенционирани 4.379 домаќинства и исплатени се вкупно 33 милиони денари.

„Во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци“, рече министерот Бектеши.

За тоа се предвидени вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра и ќе се користат за следните мерки:

1.надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2023 година, во вкупен износ од 15 милиони  денари;

2.надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2023 година, во вкупен износ од 25 милиони денари;

3.надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 80.000 денари по домаќинство за 2023 година, во вкупен износ од 30 милиони денари.

Огласите за овие три мерки ќе бидат објавени до крајот на март.

Бектеши посочи и дека од првиот оглас на Министерството за економија за изградба на фотонапонски централи на државно земјиште во вкупен инсталиран капацитет од 25 мегавати во Свети Николе, сите централи се изградени и пуштени во употреба.

Од вториот, пак, оглас за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште во вкупна инсталирана моќност од 23 мегавати, 10 централи со вкупна инсталирана можност од 8 мегавати се пуштени во употреба, а останатите се градат, додека за третиот оглас кој беше за фотонапонски централи со вкупна инсталирана можност од 80 мегавати минатата година беа потпишани договорите со инвеститорите кои имаат рок од 3 години да ги изградат.

Р.Н.

владини одлуки Економски мерки Крешник Бектеши помош за граѓаните за сметки за струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.