Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попова Шапка домаќин на државното првенство во сноуборд и ФИС Сноуборд Куп 2023

0
By Ана Василевска on February 7, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 7, 2023 16:27

Денеска и утре Попова Шапка е домаќин на државното првенство во сноуборд на Македонија и „ФИС Сноуборд Куп 2023″, во организација на Скијачката федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и сноуборд клубот XMKD. (ХМКД).

На првенството, покрај домашните претставници учествуваат повеќе од 50 натпреварувачи од повеќе земји од Србија, Бугарија, Грција и Романија.

Натпреварувачите денеска се натпреваруваат во велеслалом, а утре во слоупстајл (олимписки дисциплини), во машка и женска конкуренција.

-Попова Шапка нуди одлични климатски и географски услови за уживање во зимските спортови, а со континуираните инвестиции во скијачките капацитети, соработката со Скијачката Федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и клубовите како XMKD, скијачките центри како Попова Шапка добиваат на популарност, се шири интересот кај младите за зимските спортови и пред се истите да спортуваат во Македонија.Овогодинешните натпревари во сноуборд на Попова Шапка, во две дисциплини само дополнително придонесуваат за афирмација на зимските спортови во Македонија. Им посакуваме успешен настап на сите натпреварувачи, за време на двата натпреварувачки денови, изјави Дејан Пановски, претседател на Скијачката федерација на Македонија.

Од скијачката федерација воедно потенцираат дека поради значителниот ангажман на техничкиот организатор, клубот XMKD, (ХМКД) тренерот по сноуборд фрирајд Бојан Андонов и помошта од ски центарот Попова Шапка и Кодра фрирајдерс натпреварувачите имаат шанса да ги покажат своите вештини на исклучително подготвен терен, по највисоки стандарди, во погодни временски услови.

-Ваквите меѓународни натпревари и купови се одлична прилика за промоција и афирмација на овој наш зимски туристички центар, кој со големите инвестиции, дури и во време на економска криза, успеа да ги врати македонските љубители на зимските спортови да зимуваат во Македонија, порачаа од федерацијата.

Федерацијата ги повикува сите љубители на зимските спортови да го посетат скијачкиот центар Попова Шапка и да уживаат во одличната атмосфера и организација на овогодишното државно првенство во сноуборд и „ФИС Сноуборд Куп 2023“.

Попова Шапка Скијачката федерација на Македонија Сноуборд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

ВЕСТИ June 11, 2026

Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по средно европско време го отвораат 23тото…

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.