Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маргарита Цаца Николовска пред утрешната одлука на Стразбур: „Судот не носи негативни или позитивни пресуди, но утре е важен ден за тоа што значи законитост“

0
By Соња Крамарска on February 15, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 15, 2023 12:46

Утре 16-ти февруари во Стразбур ќе биде објавена одлуката на тамошниот Европски суд за човекови права (ЕСЧП) за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за предметите во кои се засегнати поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ како Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други. Во објавата на Судот се наведува дека „подносители на жалбата се седуммина Македонци/граѓани на Република Северна Македонија и еден Македонец/граѓанин на Република Северна Македонија кој исто така е и албански државјанин“.

Европскиот суд треба да даде одговор дали предметите на поранешно СЈО ќе преживеат и дали кривичното гонење било оправдано или ќе запрат и ќе се поништат повеќето предмети. Доколку обвинетите и осудените лица бидат прогласени за жртви, државата можеби ќе треба да им плати и обесштетување.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска во разговор за „Локално“ вели дека многу работи ќе бидат важни од утрешниот ден. Според неа, се зависи што ќе биде наведено во самата одлука и што ќе биде понатаму обврска на државата или како тоа ќе се одрази на целокупната политичка ситуација во државата.

„Јас се согласувам дека ова е многу важна одлука и дека многу работи зависат од тоа во насока што значи законитост“, појаснува Николовска.

Таа е децидна дека Стразбур не носи негативни или позитивни пресуди.

„Стразбур носи пресуда во која што се утврдува дека има повреда или нема повреда. Доколку утврди дека има повреда, тогаш треба да се види во што е таа повреда дали е процедурална или е суштинска повреда во мерит. Ако е процедурална тогаш странките имаат можност да бараат повторување на постапката, но повторно зависи што е процедурална повреда. Ако е повредата во мерит, треба да се види што е самата повреда и во зависност од тоа треба да се испитува дали треба да дојде до промена на законодавство или носење на нови закони“, порачува судијката.

На прашањето дали еднаш дадено помилување може да биде отповикано, таа вели дека е многу нејасно, имајќи ја во предвид македонската состојба, односно состојбата во предметот.

„Прашањето е дали постоела можност да се донесе помилување, имајќи ги во предвид законските одредби во Македонија. Тоа е нешто кое што прво треба да се утврди и после тоа да се дискутира или да се дава некое соодветно мислење“, посочува Николовска.

Судијката оценува дека постои можност да застарат некои кривични дела додека тече времето на жалба во Стразбур, со оглед на состојбата во националното правораздавање од една страна и од друга страна, што извршувањето на казната во одреден момент не е врзано за одлуката во Стразбур.

„Тоа се две посебни постапки кои што ако се дојде до некоја ситуација за повторување на постапката, ќе се повторува. Институтот ‘застареност’ не може да се елиминира. Во нашето законодавство има различни пристапи на застареност на делото и се зависи што ќе биде застареност – дали е за извршување на казна или е застареност на извршувањето на кривичното дело. Многу зависи од повеќе околности“, вели Николовска која во моментов се наоѓа токму во Стразбур.

аболиција Маргарита Цаца Николовска Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.