Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензии во албанскиот парламент но и протести пред него

0
By Ана Василевска on February 16, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 16, 2023 14:13

Речиси идентична ситуација во и пред албанскиот Парламент, како и во понеделникот, внатре тензична ситуација со блокирање на собраниската говорница од страна на пратеници приврзаници на Сали Бериша. Додека пред Парламентот има протест и обраќања преполни со обвинувања за премиерот Еди Рама, а беа фрлени и неколку димни бомби на одредена оддалеченост од полицискиот кордон.

Протестот по масовност е многу помал и не се регистрирани поголеми инциденти. Пред Парламентот се појави и маж облечен во национална албанска облека на бел коњ (како што бил на Скендербег) и се обиде да влезе во дворот на Парламентот, но беше сопрен од полицијата.

Бериша, кој е меѓу 12. демократски пратеници, негови приврзаници, исклучени по десет дена од работата на законодавниот дом, поради недолично однесување во собраниската сала, пред насобраните граѓани, обвини дека „Парламентот е бункер на забранетиот збор“, и порача дека „овој протест е револуција на секој Албанец“.

– Не протестирате за некои пратеници од ДП или за партијата, туку протестирате за секој Албанец, кој во својата свест ги има идеалите за слобода. Денеска сте тука за секој Албанец кој верува дека Парламентот треба да биде храм на демократијата, а не бункер на забранетиот збор. За сите Албанци кои слушаат за бескрајни афери и сакам да ја знаат вистината за кражбите. За сите оние Албанци кои ги одвојуваат децата од себе и ги испраќаат во туѓи земји. За оние Албанци кои сакаат да веруваат дека Албанците сакаат да ја направат Албанија. Зошто овој Парламент од храм на говорот се претвори во бункер на забранет говор. Ова е револуција на секој Албанец, рече меѓу другото Бериша.

На протестот се приклучи и поранешниот претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета кој обвини за корупција, криминал, ниски плати, безнадежност на младите кои поради тоа ја напуштаат земјата.

„Затоа сите станете против овој бездушен режим. Слободниот говор ќе се слушне во собраниската сала, ќе се воспостави одговорност и правда, повеќе нема да биде во џебот на Еди Рама. Политичкиот плурализам не го менуваме за ништо, бидејќи тој е столбот, гаранцијата за заштита на правата на граѓаните во секоја држава. Сите стојат против овој бездушен и нехуман режим. Мимозите ќе процветаат“, порача Мета.

Опозицијата предводена од Бериша најави протест и на 3 следниот месец, кога Апелација одлучува за тоа кој е наследник на логото, печатот и знамето на Демократската партија, крилото на Бериша или она на Енкелед Алибеај, кој е вршител на должноста претседател по оставката на претходниот лидер, Љуљзим Баша.

Албански парламент протести Сали Бериша
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.