Новиот јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека е посветен на тоа да ја направи неговата земја силен сојузник на САД, затоа што земјата се соочува со нови безбедносни предизвици од Северна Кореја и Кина.
Американскиот претседател Барак Обама вчера исто така рече дека двете земји се залагаат за „силни акции “ во одговор на новата нуклеарна проба на Северна Кореја претходно овој месец, пренесува Радио Слободна Европа.
Јапонските власти изјавија дека земјатa не сака ескалација во односите со Пекинг, но дека нема да ги толерираат предизвици за нејзиниот суверенитет над групата мали острови во источно Кинеското Море.
Островите се контролирани од Јапонија, но двете земји тврдат дека тоа се нивни острови.