НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанската опозиција предлага затворска казна до 5 години за напад или закана против медиумски работници

0
By Ана Василевска on February 21, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанските опозициски демократи доставија до парламентот предлог-измени и дополнувања на кривичниот законик, со кои се бараат казни од 1 до 5 години затвор за лицата кои физички нападнале новинари, сниматели или фоторепортери за време на извршувањето на нивната должност.

Текстот на предлогот во законодавниот дом го достави пратеничката Ина Жупа, која изјави дека со поднесената иницијатива се бара „зголемување на казните за оние кои се закануваат, физички напаѓаат, омаловажуваат, уценуваат новинари и други медиумски работници“.

Во изјава за медиумите Жупа нагласи дека казните се класифицирани како „напад на лице при вршење службена должност и се со иста строгост како и казните против вработени во државната полиција или против лекар“.

Неопходноста од донесување на измените го поткрепува, меѓу другото и со последните неколку случаи каде што биле нападнати новинари од ТВ „Репорт“, потоа од емисијата „Фикс Фаре“ на Топ чанел, и други новинари кои добивале заканувачки пораки или им се заканувале додека ја вршеле својата работна задача.

„Да не заборавиме дека медиумските работници, од репортери, сниматели, новинари, сите често ги ставаат на ризик своите животи за да пренесат одредена вест. А нивните извештаи, особено кога станува збор за истражувачки емисии, се во служба на расветлување на вистината, во служба на јавниот интерес. Се надевам амандманите што ги поднесовме, ќе бидат ставени на дневен ред со што граѓаните ќе може да слушнат а пратениците да ги кажат своите мислења за и против“, рече Жупа.

Албанија добива низа негативни извештаи за слободата на медиумите а не изостануваат и случаи на политичко влијание.

Албанија Затворска казна за напад врз новинари Медуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.