Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата усвои итни мерки за отпорност и сајберзаштита на институциите од јавниот сектор

0
By Соња Крамарска on February 21, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 21, 2023 16:02
Владата на денешната седница усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор.

Овие мерки, како што информираат од владината прес-служба, следуваат по серијата активности за градење отпорност кај јавните институции кои сè почесто се цел на сајбер напади, а чија цел е оневозможување на системите кои даваат услуги кон граѓаните и има директни, видливи и сериозни последици врз нивниот живот.

Владата ги задолжи органите на државната управа, и побара институциите кои не се органи на државна управа, да определат лице одговорно за информациска безбедност во нивните организации со цел навремено пријавување на инциденти и размена на информации за инциденти, ранливост, закани и ризици поврзани со безбедноста на информациските системи до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT.

Органите на државната управа исто така се должни, а на институциите кои не се органи на државна управа им се укажува, да достават одредени информации до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како би се регистрирале/ажурирале за услугите на Центарот.

„Се задолжуваат органите на државната управа, а им се укажува на институциите кои не се органи на државна управа, сите вработени задолжително да се регистрираат и да завршат обука за сајбербезбедност за вработени во јавна администрација. Истовремено, органите на државната управа неопходно е да направат план за реализација и да ги предвидат финансиските импликации на мерките на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT“, се наведува во соопштението.

Владата му препорача на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации да достави до Владата извештај за спроведена бесплатна надворешна сајбербезбедносна проверка на веб-апликации на пријавените институции.

Усвоените мерки се високо приоритетни заради заштита на ИТ-системите на институциите од јавниот сектор, поради што Владата препорача овие мерки да се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор.
Влада сајбер безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.