НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи на средби со дијаспората во Њујорк и Њу Џерси

0
By Marta Pesevska on February 26, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи за време на престојот во Соединетите Американски Држави, оствари средби и со претставници на дијаспората во Њујорк и Њу Џерси, на кои ја потврдил посветеноста на институциите на Северна Македонија за зајакнување на односите со дијаспората, преку систематизација на улогата и потенцијалот што припадниците на дијаспората ја имаат во новите средини во кои живеат, како што информираат од МНР.

Османи изразил благодарност за досегашните активности на дијаспората за зачувување на јазикот и културата, меѓу другото и преку реализација на дополнителна настава на мајчин јазик, при што имаше можност да ги посети училниците каде се изведува наставата. Тој, исто така, високо го оцени ангажманот на дијаспората за лобирање и промовирање на интересите на Северна Македонија пред највисоките претставници на американската администрација,  политичките и бизнис елити, како и пред разните интересни групи во американското општество, се вели во соопштението. 

-Дијаспората позитивно придонесува за нашиот имиџ во странство и е важен мост, кој не можеме ниту смееме да не се обидуваме и искористиме. Во услови на  потенцирана промена на структурата на миграцискиот контингент и неговите растечки развојни потенцијали. потребата за воспоставување на посилна соработка со дијаспората е од исклучително значење, нагласи Османи на средбите.

Детално се осврна на проектите на Министерството за надворешни работи последните две и пол години, реализирани и како резултат на апелот и интересот на дијаспората. Ги издвои, меѓу другите – дигитализацијата на конзуларните услуги (е-конзулат), поставувањето на базни и мобилни станици со кои за кратко време се обновува патната исправа, финансирањето на проекти за дијаспората, економските поволности за инвестирање во Северна Македонија.

Османи ги информираше соговорниците и за надворешно-политичкиот контекст, регионалната динамика и заокружувањето на стратешките цели на Северна Македонија, каде пристапниот процес за членство во ЕУ е од примарен интерес. 

 

МНР Османи средба со дијаспора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.