Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изврши груб атак против слободата на говорот

0
By Xhabir Deralla on February 28, 2023 ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2023 17:26

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, влегува во лична пресметка и со клевети и закани се нафрли врз новинарот Дерала, инаку претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организација за човекови права и слободи, пишува во соопштението на ЦИВИЛ испратено до медиумите денеска, кое овде го пренесуваме во целост.

Во врска со текстот на интернет портал ИНДЕКС (index.mk), со наслов „Мицкоски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“, во објава на Фејсбук, Мицкоски го споменува, со име и презиме: „…медиумите блиски на ДУИ (лице вработено во кабинетот на Артан Груби) и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат за лагите кои ги објавија…“.

Тој во својата објава инсинуира, манипулира и им се заканува на медиумите и на Дерала, со што директно ја загрозува слободата на говорот и медиумските слободи.

Клеветите и дискредитацијата против нив се состои и во тоа што Мицкоски произволно ги етикетира и ги доведува споменатите медиуми во врска со политички партии, со што директно го напаѓа нивниот кредибилитет.

Ваквиот напад, кој доаѓа од највисоката позиција на моќна и многубројна политичка партија, самиот по себе, претставува закана, како по слободата на говорот, така и по безбедноста на новинарките и новинарите, во случајов, директно споменатиот Дерала, односно медиумите против кои тој пишува во објавата на социјалните мрежи.

Сè уште се свежи сеќавањата на газењето врз човековите права, слободата на говорот и медиумските слободи кое го вршеше истата партија за време на владеењето од 2006 до 2016 година. Ова треба да претставува аларм за целото општество. Не смееме да дозволиме медиумите да ја веднат главата пред режимскиот порив на Мицкоски или било кој друг политичар кој ќе се обиде да ја загрози слободата на говорот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува новинарските здруженија, регулаторни и саморегулаторни тела, како и граѓански здруженија за заштита на човековите права и слободи, да го осудат и да го отфрлат ваквото непримерно однесување на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ЦИВИЛ ќе се обрати и до дипломатските претставништва и меѓународните организации и институции и ќе побара заштита на медиумите и новинарот Џабир Дерала од понатамошен јавен линч што го спроведуваат радикалните политички групи и партии во земјата и кој трае со години, а во овој случај, кон јавниот линч се придружи и самиот претседател на една парламентарна политичка парија, ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.