Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Довербата на македонските граѓани во ЕУ на рекордно ниско ниво

0
By Соња Крамарска on March 1, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 1, 2023 15:11

Нивото на доверба на македонските граѓани во Европската Унија е на рекордно ниско ниво, покажа анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ, изработена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

„Ние ова го следиме седум години секоја година по ред. Она што може да се заклучи е дека поддршката на луѓето за влез во ЕУ е на рекордно најниско ниво, односно последниве три години го држи дното со горе-долу некои статистички незначителни разлики. Тоа е едната работа и тоа е она што го констатираат и другите истражувања“, изјави Марко Трошановски, директор на Институтот за демократија.

Според него, она што е позитивно е дека оваа година има подобрување на перцепцијата и тоа значително подобрување на перцепцијата кон Унијата како влијателен идентитет и како најдобар сојузник на земјата.

„Навидум овие две се противречни работи, меѓутоа од ова може да заклучиме дека е клучен момент каде што ЕУ пред се кон земјава треба да направи многу попрактични чекори за да го зголеми нивото на спремност на популацијата да гласа за иден влез во ЕУ. Тоа позитивно ниво на перцепција кон Унијата треба да се искористи за да се врати вербата на граѓаните дека некогаш оваа земја има перспектива да стане член. Тоа е она што е најинтересното, најновиот податок од ова истражување“, подвлече Трошановски.

Тој нагласи дека поддршката за уставни промени останува да биде ниска, 65 проценти од популацијата е против уставни промени, а кај етничките Македонци противењето на уставни измени е 80 проценти, што, вели, е исклучително висок процент.

Во однос на тоа кои се причините за ваквите резултати, вели дека причините секако не произлегуваат од истражувањето на сите тие причини, меѓутоа разочараноста е дека процесот на преговори не дава резултати со години.

Директорот на „Конрад Аденауер“ во Северна Македонија Даниел Браун, истакна дека оваа анализа е одлична можност да направиме анализа со резултатите што сме ги имале од ваквите истражувања и претходно, но изрази жалење дека во земјава општото мнение за тоа како се одвиваат состојбите не оди баш во најгорна линија, и покрај тоа што факторите за ваквото мислење се и внатрешни и надворешни.

„Како директор на „Конрад Аденауер“ фондацијата имаме заложби Северна Македонија да продолжи на патот кон евроинтеграциите, и покрај сите влијанија што доаѓаат и од внатре и однадвор. Очигледно е дека пред се станува збор за губење на трпението. И покрај тоа што сто отсто ниедна страна не може да ги добие своите барања, треба да има компромис, тоа би било солуцијата и решението и верувам дека начинот за да се постигне тоа е политичката елита да говори со еден глас“, рече Браун.

Во однос на уставните измени, според овие истражувања речиси две третини од граѓаните не се согласуваат со уставните измени за вклучување на бугарското малцинство во Уставот.

 

 

анализа Анализа на „Конрад Аденауер“ Институт за демократија Марко Трошановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.