Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Кошмарни десет секунди“: Преживеаните раскажуваат за ужасната несреќа во Грција

0
By Соња Крамарска on March 1, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 1, 2023 16:03

Преживеаните раскажуваат за „кошмарни 10 секунди“ кога нивниот вагон се превртел и бил зафатен од пламен во несреќа во централна Грција.

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици други се повредени во директен судир на два воза синоќа во близина на градот Лариса.

Предните вагони на патничкиот воз се главно уништени.

„Слушнавме голем удар“, рече 28-годишниот патник Стергиос Миненис, кој скокна на безбедно од искршениот вагон.

„Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страните и додека не престана метежот. Потоа настана паника. Кабли, пожар. Пожарот беше моментален. Додека се превртувавме, горевме. Огнот беше десно и лево“, беше цитиран Миненис од Ројтерс.

„10, 15 секунди беше хаос. Превртување, пожар, кабли што висат, скршени прозорци, луѓе што врескаа, луѓе заробени“.

Патничкиот воз патуваше кон Солун кога директно се судри со товарен воз, при што предните вагони изгореа во пламен, нешто пред полноќ по локално време.

Се опишува како најлошата железничка несреќа што Грција некогаш ја видела.

Покрената е истрага и полицијата соопшти дека го уапсила директорот на локалната станица во Лариса.

Преживеаните ги опишаа хаотичните сцени по несреќата, при што еден потресен патник изјави за Би-Би-Си: „Луѓето беа во паника и врескаа – некои луѓе се плашеа дека ќе умрат“.

Јанис Антоноглу, кој избега од петтиот вагон на патничкиот воз, рече дека прозорците одеднаш се скршиле и „завршивме да бидеме навалени за 45 степени како да сакавме да се превртиме“.

Друг за телевизијата Скаи изјави дека имал среќа „прилично брзо да побегне од својат вагон“, но „во другите вагони не успеале да излезат, а еден вагон дури и се запалил“.

Некои патници рекоа дека биле принудени да ги скршат прозорците на вагонот со своите тела или багаж за да избегаат од запалените остатоци.

Ангелос Цијамурас изјави за грчката телевизија ЕРТ дека несреќата била како земјотрес и тој го скршил прозорецот на возот користејќи го својот куфер. „Со грб ги скршивме стаклата“, рекол друг неименуван патник.

Еден од преживеаните, Лазос, изјави за весникот „Прототема“: „Не бев повреден, но бев извалкан со крв од други луѓе кои беа повредени во моја близина“.

Многумина од 350-те патници во патничкиот воз беа студенти на 20-годишна возраст кои се враќаа во Солун по долгиот викенд славејќи го грчкиот православен пост.

Министерот за транспорт Костас Караманлис рече дека точниот број на загинати сè уште е нејасен, поради извештаите дека 20-25 лица сѐ уште се водат како исчезнати. Сепак, официјалните лица велат дека некои можеби го напуштиле местото на настанот без да бидат контактирани.

Портпаролот на противпожарната бригада Василис Вартакогијанис рече дека температурите во првиот вагон достигнале 1.300 степени Целзиусови, што „го отежнува идентификувањето на луѓето кои биле внатре“.

Една жена за грчкиот канал АНТ1 изјави дека нејзиниот 23-годишен братучед, кој зборувал со мајка му на телефон од патничкиот воз непосредно пред прекинот на линијата, сè уште се води како исчезнат.

„Мајка му го бара од зори“, додаде таа.

Шеесет и шест лица се згрижени во болница поради повредите, од кои шест се примени на интензивна нега.

„Тоа беше многу силен судир“, изјави регионалниот гувернер на регионот Тесалија, Костас Агорастос, за државната телевизија.

Тој рече дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините, а првите два вагони се запалиле и се „речиси целосно уништени“.

„Тие се движеа со голема брзина и едниот (возачот) не знаеше дека другиот доаѓа“, додаде гувернерот.

Како што зазори, десетици спасувачи потпомогнати со кранови ги креваа јагленосаните остатоци од излетаните вагони за да бараат повеќе жртви.

„Никогаш не сум видел вакво нешто во целиот мој живот. Трагично е. Пет часа подоцна, наоѓаме тела“, изјави за новинската агенција АФП исцрпен спасувач кој излегол од урнатините.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој денес го посети местото на катастрофата, вети дека ќе открие што се случило и ќе се погрижи тоа никогаш да не се повтори.

Полицијата соопшти дека го обвинила 59-годишниот директор во Лариса за убиство од небрежност и тешка телесна повреда од небрежност. Шефот на станицата, кој е задолжен за сигнализација, ги отфрли двете обвиненија и за несреќата обвини техничка грешка.

Извор: Независен

железничка несреќа во Грција преживеани раскажуваат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.