НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спорна е безбедноста на железницата?: Грчките синдикати протестираат по несреќа-досега има идентификувани 57 жртви

0
By Ана Василевска on March 3, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здруженијата на работниците во железницата повикаа штрајкови, запирајќи ги националните железнички услуги и метрото во Атина вчера, во знак на протест против условите за работа и, како што го опишаа како опасен неуспех за модернизација на железничкиот систем. Тие денеска повикаа и на втор 24-часовен штрајк.

Синдикатите, исто така, одржаа протест во четвртокот вечерта во Атина пред железничкиот оператор во земјата, Хеленик Трејн, како одговор на најсмртоносната железничка катастрофа во историјата на земјата.

Два одвоени протести во центарот на Атина одржаа левичарски групи, при што еден резултираше со судири меѓу младите кои фрлаа камења и полицијата.  Митинзи се одржаа и во Солун и Лариса.

Критичарите го обвинуваат недостатокот на јавни инвестиции за време на длабоката финансиска криза што се протегаше во поголемиот дел од претходната деценија за железничката катастрофа.

Токму за време на кризата, во 2017 година, железничкиот оператор, кој тогаш силно губеше пари, беше приватизиран и купен од италијанската Ferrovie dello Stato Italiane Group.

Грција има ограничена железничка мрежа која не допира голем дел од земјата. И покрај долгогодишните проекти за модернизација, голем дел од клучните работи за контрола на шините сè уште се управуваат рачно.

Акцијата на спасувачите на местото на железничката несреќа кај месноста Темпи во Грција, продолжува и рано утрово, се очекува да заврши денеска, а паралелно во службата на судската медицина во Лариса, продолжува идентификацијата на жртвите.

Досега официјално се потврдени 57 загинати, а во болниците се хоспитализирани 48 патници, од кои шест се на одделите за интензивна нега.

Идентификација на жртвите се врши преку ДНК анализи, а според портпаролката на грчката полиција Константина Димолиду земени се 55 примероци од телата, 52 примероци од роднини на патниците и 26 примероци од пронајдените делови од човечки тела.

И речиси 60 часа по несреќата, не постои точна информација колку патници имало во возот.

Од компанијата „Hellenic train“ во средата соопштија дека во патничкиот воз се пренесувале „околу 350 патници“, неколку часа подоцна, портпаролот на Противпожарната служба рече дека имало 342 патници, десет членови на екипажот, а во товарниот имало две лица, а портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на вчерашниот редовен брифинг со новинарите објасни дека од повеќе причини тешко е да се знае точниот број на патници.

Прво, како што рече, поради тоа што не се сите билети со име и презиме, бидејќи не биле сите купени онлајн, а оние кои се од шалтер се без лични податоци.

И второ, бидејќи некои луѓе можеби се качиле во возот во последен момент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.