Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приватните автобуси се враќаат на улица, објавен јавен повик за 16 линии

0
By Соња Крамарска on March 6, 2023 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 6, 2023 09:49

Договорот помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и приватните превозници денеска добива своја конкретна завршница со која скопјани од наредниот месец би требало да имаат понормален градски превоз во споредба со изминатите месеци кога бројот на автобуси беше редуциран на сите линии.
Град Скопје, како што најави, денеска објави јавен повик со кои се бараат превозници на дури 16 линии. Линиите се поделени во три пакети, за кои се наведени и минималните потребни техничко – технолошки елементи за одржување на линии.

Според огласот, во првиот пакет се опфатени линиите со број 23, 45, 61, 63 и 73, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76 возачи. Вториот пакет се однесува на превоз на линиите 9, 11, 11А, 12, 47А и 55. За автобусите да можат редовно да сообраќаат на овие релации, потребни се 39 автобуси и 83 возачи. И третиот пакет ги опфаќа линиите 19, 20, 22, 52 и 54, за што се бараат вкупно 41 автобус и 87 возачи.

Станува збор за линии на кои на повеќето до пред четири месеци возеа само превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, а по нивниот протест и откако им беа прекинати договорите поради неизвршување на обврските, нив ги „покриваше“ ЈСП Скопје. Сега, според објавениот оглас и во наредниот период по изборот на превозниците само на дел од овие линии ќе сообраќаат заеднички и приватниците и ЈСП и тоа, како што е наведено на линиите 9, 19, 22, 62, 61 и 63, додека на останатите 10 линии од огласот ќе возат само приватниците што ќе бидат избрани на огласот.

За разлика од претходните два огласа, овој треба да биде успешен, затоа што приватните превозници предводени од Јовица Зафировски, по средбите во Град Скопје, изјавија дека ќе се пријават на огласите затоа што им одговараат условите што им биле понудени.

На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат. Очекуваме дека до 20-ти овој месец ќе почнеме со работа – рече Зафировски по средбата.

Сепак, враќањето на приватните автобуси на улиците нема да се случи толку рано затоа што крајниот рок за поднесување на пријавите на јавниот оглас е 21 март 2023 година до 12 часот, а отворањето на понудите ќе се одржи точно напладне на 27 март во Град Скопје.

Доделувањето на пакетите – линии утврдени во точка 1.2 на овој оглас, ќе се изврши по пат на евалуација на поднесените комплетни и навремени затворени пријави, врз основа на утврдени критериуми наведени во документацијата за јавен оглас. Отворањето на поднесените затворени пријави ќе се одржи на ден 27 март 2023 година во 12 часот во барака број 13 – се вели во огласот.

Во однос на изборот на превозници што ќе го вршат јавниот превоз на бараните линии, во огласот се наведени неколку критериуми со кои ќе се врши изборот на најповолната понуда како што се возен парк, човечки ресурси, техничка логистика и искуство во вршењето на општински линиски превоз на патници.

На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради пречките кои произлегуваат од претходниот, сега раскинат договор кој предвидуваше забрана за учество на јавен повик доколку договорот се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина – информираа од Град Скопје деновиве.

По постигнатиот договор помеѓу Град Скопје и приватните превозници, кои неколку месеци се без работа, а автобусите им стојат паркирани, скопјани конечно можат да се надеваат дека ќе биде ставен крај на четиримесечната неизвесност и градскиот превоз ќе се одвива непречено.

Град Скопје повик за нови автобуски линии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.