Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Мета“ планира илјадници нови отпуштања

0
By Соња Крамарска on March 7, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 7, 2023 11:44

„Мета платформи АД“, сопственик на Фејсбук и Инстаграм, планира нова рунда на намалувања на работни места и ќе отпушти илјадници вработени оваа недела, според упатените во плановите на компанијата.

Во обид да стане поефикасна организација, најголемата компанија за социјално вмрежување во светот започна со намалување на повеќе работни места, и покрај кратењето од 13 отсто во ноември. Во претходната рунда на намалувања, „Мета“ отпушти 11.000 вработени како дел од својата прва голема кампања за оптимизација. Компанијата исто така работи на реструктуирање на својата организација преку обезбедување пакети за компензација при отпуштање на менаџери и скратување на цели тимови за кои смета дека се непотребни, соопшти Блумберг уште во февруари – потег кој сè уште се реализира и може да влијае на илјадници вработени.

Претстојната рунда на намалувања е диктирана од финансиски цели и нема врска со „оптимизација“, велат упатените кои побарале анонимност. „Мета“, која пријави намалување на приходите од рекламирање и се насочи кон платформа за виртуелна реалност наречена „Метавелена“, ги замоли директорите и потпретседателите да подготват списоци на вработени кои можат да бидат отпуштени, велат изворите.

Портпаролот на „Мета“ одбил да ги коментира плановите.

Според упатените, оваа фаза на намалувања може да се заврши следната недела, пред извршниот директор Марк Цукерберг да замине на породилно отсуство за своето трето дете.

Намалувањето на работни места во ноември беше изненадувачко, но серија на отпуштања што уследи беше очекувана од вработените во „Мета“. Цукерберг ја посочи 2023 како година на „Мета“ и ефикасност на компанијата.

Меѓу вработените во компанијата владее зголемена вознемиреност и низок морал  во последно време. Некои вработени се загрижени за губење на нивните бонуси доколку ја загубат работата порано.

Мета отпуштања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.