Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се издава книга за рокерот-поет Лу Рид и неговата можеби најголема љубов – таи-чи

0
By Ана Василевска on March 15, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2023 09:55

Лу Рид, познат американски поет, но и еден од пионерите на рок и панк-музиката во 50-тите, во 2009 година почнал да пишува книга за источната боречко-уметничка вештина таи-чи, што беше битен дел неговиот живот. Но, трудот остана недовршен бидејќи во 2013. предводник на составот „Велвет андерграунд“ почина на 71-годишна возраст од компликации при трансплантација на црн дроб.

Оваа недела, десетлетие по неговата смрт, излегува книга со досега необјавени текстови. „Уметноста на правата линија“ (The Art of the Straight Line) ги содржи и размислувањата на Рид за вежбањето таи-чи во текот на 30 години. Древната кинеска уметност, што се опишува и како „медитација во движење“, помага и во намалување на внатрешниот стрес и анксиозност. Таа вклучува и разговори со негови колеги уметници, пријатели и други љубители на таи-чи.

– Тој го започна тоа, а ние сакавме да го завршиме. Тој беше толку посветен на оваа вештина што и го испушти поледниот здив изведувајќи го познатото тај-чи движење „21“, движејќи ги само рацете, изјави Лори Андерсон, композитор и долгогодишна партнерка на Рид.

Според пишувањата, тој не сакал „да звучи претерано поетично“, но ја сакал оваа боречка уметност „повеќе од златна плоча или славата“. Рид негувал долга дружба со таи-чи мајсторот Рен Гуанг Ји, со кого вежбал со часови кога немал обврски околу музиката.

„Таи-чи ве става во допир со невидливата моќ на универзумот. Тогаш вашата енергија се менува, а истото се менува и во вашето размислување“, пишува Рид.

Тој почнал да ја проучува оваа источна уметност во 80-тите години, кога сè уште многу конзумирал наркотични дроги. Овој уметник стои зад познатите класици „Walk on the Wild Side“, „Sweet Jane“, како и песната „Heroin“ – мрачен приказ на личните искуства во употребата на опојни средства.

книги Лу Рид музика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.