НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна скринингот за Кластерот 4 : Да се засилат напорите за имплементирање на законодавството и да се исполнат целите на Зелената агенда на ЕУ

0
By Ана Василевска on March 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Брисел денеска почнa објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност.

Објаснувачкот скрининг состанок за овој Кластер почна со Поглавјето 21 – Трансевропски мрежи и Поглавјето 14 – Транспортна политика.

Мона Бјорклунд, директор на Директоратот за мобилност и транспорт при ЕК, истакна дека 25 проценти од целокупното законодавство на ЕУ спаѓаат во транспортниот сектор, јави известувачот на МИА од Брисел.

Таа посочи дека уште од 2019 година се започнати разговори со Северна Македонија за Поглавјата 14 и 21 од Кластерот 4, но, оттогаш, како што рече, има многу новини и законски акти, коишто земјава треба да ги имплементира, додавајќи ја важноста на соработката на земјава со ЕУ по Договорот за транспортната заедница.

„Од страна на ЕУ, транспортната политика ја движат приоритетите на зелената агенда и карбонската неутралност. Целта е да се достигне зелена, паметна и достапна мобилност. Законодавството за транспорт во ЕУ постојано се развива и тука сме да ве поддржиме. Останува уште работа да ги засилиме напорите за овие законски акти да се имплементраат. Новите акти се важни за сите наши обврски за Европа да стане позелена“, рече Бјорклунд.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на отворањето на објаснувачкиот скрининг состанок, кажа дека како држава којашто ја имплементира Спогодбата за стабилизација и асоцијација повеќе од 15 години, сме свесни дека транспортниот сектор е еден од столбовите за раст, конкурентност и развој на модерни економии.

 „Од друга страна, Трансевропската транспортна мрежа ги идентификува приоритетните коридори и тематски области на Транс-европската транспортна инфраструктура и обезбедува насоки за важни проекти. Ја поздравуваме намерата на Европската комисија да вложи дополнителни напори за развој на нов Европски транспортен коридор на Западен Балкан“, рече Маричиќ.

Тој информираше за одредени чекори преземени во овој сектор во изминатите години, како што е напредокот во областа на Иницијативата ЕУ-Западен Балкан за Зелена лента, истакнувајќи дека земјава ги поддржува зелените коридори во регионот и сме целосно посветени на овој процес.

„На 7 јули 2022 во Солун е потпишан Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци меѓу Царинската управа на Северна Македонија и Генералниот директорат за Царина и акциза на независниот орган за јавни приходи на Грција. Тој обезбедува законска основа за натамошни активности во првата фаза на процесот на проширување на Зелените коридори кон земјите-членки на ЕУ. По потпишувањето на Меморандумот, Северна Македонија унилатерално започна да обезбедува податоци за Грција преку SEED+ системот“, рече Маричиќ.

Тој исто така посочи дека Владата ја промовира регионалната соработка, ставајќи фокус на меѓународната димензија на сите транспортни области, развивајќи ја и модернизирајќи ја транспортната инфраструктура, со обновување на постоечката и развивање кон европските транспортни коридори.

Група новинари од земјава, првпат откако е почнат процесот на скрининг за усогласувањe на законодавството со ЕУ, го следат објаснувачкиот скрининг во Брисел. 

Новинарите во Брисел денеска ќе имаат средба со вршителката на должност директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Микела Матуела, како и со советниците за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Сајмон Мордју и Маја Коцијанчиќ.

Во просториите на Постојана мисија на Република Северна Македонија при Европска Унија во Брисел новинарите ќе имаат брифинг со вицепремиерот Маричиќ, а ќе се сретнат и со шефот на Мисијата, Амбасадорот Зулфи Исмаили.

Кластерот 4 или „зелените приоритети“ се на врвот на приоритетите на Европската Унија, каде што има обемно законодавство, коешто се надоградува и е најтешко за спроведување, особено во заштитата на животната средина и инвестициите.

Во Кластерот 4 спаѓаат Поглавјата 14, „Транспортна политика“, 15, „Енергетика“, 21 „Трансевропска мрежа“ и Поглавјето 27, „Животна средина и климатски промени“, за кои во периодот од 15-ти до 20-ти март Европската комисија ќе го презентира на македонскиот преговарачки тим новиот корпус на европското законодавство, донесено во периодот по 2018/19 година.

Утре продолжува Поглавјето 21, заедно со Поглавјето 15, „Енергетика“.

Обуката на новинарите за известување за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, е заеднички проект на Секретаријатот за европски прашања и Нордиска поддршка во Северна Македонија. 

Брисел ЕУ скрининг законодавство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.