НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: Не очекуваме потпишување договор Србија-Косово во Охрид, туку отворање на пат до конечен договор

0
By Соња Крамарска on March 16, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека смета дека е сосема можно оваа година да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Ескобар, одговарајќи на прашање на новинар на Еуроњуз Србија, дали би се осмелил да процени кога може да се очекува конечен договор за нормализација, рече дека би сакал тоа да се случи оваа година и прецизираше: „Оваа календарска година. И мислам дека е сосема можно“.

Тој исто така посочи дека „овој договор не е нешто од што треба да се плашиме“ и дека „ќе овозможи одредено ниво на стабилност и мир за луѓето во регионот“.
Ескобар рече и дека Заедницата на српските општини ќе се реализира, а прашање е само колку брзо. Како што подвлече, тие би сакале во Охрид да се признае дека Заедницата е важен дел од односите меѓу Србија и Косово.

„Кога зборувам за тоа како барање, не сакам да предизвикам конфронтација или да го поткопувам како предизвик. Факт е дека ЗСО се појавува во Бриселскиот договор. Тоа е дел од заклучоците на политичкиот совет и политиката на САД. Ќе се оствари, само прашање е колку брзо ќе се реализира. Вториот дел е каков модел ќе се примени. Специјалниот претставник на ЕУ даде неколку различни примери како функционира овој тип на заедница во ЕУ, со цел да им се дадат права на малцинствата сами да одлучуваат за својата судбина. Ова треба да помогне да се зближат земјите и ние би сакале еден од тие модели да послужи како модел и за ЗСО“, рече Ескобар.

На прашањето дали може да се каже дека по неговата и посетата на Лајчак сме поблиску до ЗСО отколку пред еден месец, тој рече дека може да го каже тоа.
„Можам да кажам дека сме. Можам да кажам дека нашите разговори со владата на Косово стануваат се пореални и попродуктивни. Тие почнуваат да разбираат дека ова е правно обврзувачки дел од договорот и дека ќе ги доближи кон Европа. Верувам дека сме многу поблиску до тоа отколку пред неколку недели“, нагласи Ескобар.

Како што додаде, во однос на нивните очекувања од охридската средба, кога таа тема е на дневен ред, очекуваат најголемо можно учество на Србите на косовските избори, вклучително и нивно учество како кандидати.

„Сакаме да видиме политички водачи во Косово од српската заедница и се надеваме дека ќе разбереме што им е потребно за да учествуваат во демократскиот процес. Би сакале да ги видиме да учествуваат на изборите“, рече Ескобар.
На прашањето што се случува со другите делови од српската заедница и дали очекува тие да се вратат во институциите, тој рече дека би сакале Србите веднаш да учествуваат во сите институции.

„Сакам директно од нив да слушнам што им треба, мислам дека треба да учествуваат, не само да бидат кандидати, туку и да се вратат, да бидат наставници, судии, полицајци, да учествуваат во косовските институции“, подвлече Ескобар.

Одговарајќи на прашањето какви се шансите за постигнување одржлив договор и „што би се случило ако ништо не се случи во Охрид“, Ескобар рече дека не очекува да има „никакво потпишување“, но дека ќе се отвори патот за натамошен напредок.

„Не би се задржувал на негативните аспекти на тоа што би се случило доколку тоа не се случи, но би сакал да се фокусирам на можностите доколку одиме по тој пат, а тие можности ќе бидат многу позитивни за регионот“, рече Ескобар.

Ескобар изјави дека од перспектива на САД, европскиот договор за Косово дава една од најдобрите можности да се придвижи регионот и да се создадат мирни услови за сите луѓе кои живеат во регионот. Тој рече дека сакаат двете страни да бидат многу сериозни, флексибилни и конструктивни во барањето нови можности и да имаат визија да ја искористат можноста што им ја даваат Европа и Америка.

Габриел Ескобар Охридска средба Србија. Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.