Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Србија никогаш не користела трикови, ќе го спроведе тоа што го вети

0
By Соња Крамарска on March 21, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 21, 2023 15:57

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија никогаш не користела никакви трикови и дека ќе го спроведе она што го кажала дека ќе го направи.

„Тоа е мојата порака до оние кои зборуваа за тоа. За разлика од сите нив, ние никогаш не користиме трикови, ќе го имплементираме тоа што го кажавме. Она што го кажав во Народното собрание на Република Србија, тоа што го кажав во Охрид, во Брисел и на петорката во Белград, го повторувам секој ден, а мојот став не се смени ни за педа пред никого“, рече Вучиќ на прес-конференцијата со италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани по повод Форумот за деловна и научна соработка меѓу Србија и Италија.

Одговарајќи на новинарски прашања дали Белград ќе го спроведе договореното на средбата во Орхрид за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, претседателот рече она на што ќе стави потпис или усмено и вербално се согласи, е правно обврзувачко за Србија.

„Никој друг не може да произведе правни последици за Република Србија освен нејзиниот претседател, а во некои случаи и премиерот или министерот за надворешни работи“, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека Србија ќе работи на спроведување на сето она што, како што кажа, „рекла дека ќе направи“.

„Не мислам дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е во согласност со договорот постигнат во дијалогот, да формира Заедница на српските општини. Значи, сè што кажавме дека ќе работиме, ќе го направиме. Она што реков дека нема да го правиме му го повторив и денеска на Антонио Тајани, за да нема коруптивни и лажни толкувања и да видите дека воопшто не се плашам да го кажам истото во лице на сите. Би замолил и некои министри од некои земји да ги прашаат канцеларот (на Германија) Олаф Шолц и претседателот (на Франција) Емануел) Макрон, дали сум им го кажал тоа во лице или не“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека за Србија тоа значи дека не станува збор за членство на Косово во Обединетите нации, како и во организации, институции и агенции на ОН и дека ќе нема никакво признавање.

Александар Вучиќ Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.