Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Мега“ штрајк во Германија, не работат аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метро линиите

0
By Соња Крамарска on March 27, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 27, 2023 10:03

Железничкиот и транспортниот синдикат „ЕВГ“ и синдикатот на јавниот сектор „Верди“ денеска ќе излезат на предупредувачки мега штрајк во Германија, а превоз ќе нема како во железничкиот и воздушниот, така и во дел од водниот и копнениот транспорт.

Работниците на аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метро линиите низ поголемиот дел од најголемата европска економија, од ноќеска на полноќ, го послушаа повикот од синдикатите „Верди“ и „ЕВГ“ и учествуваат во 24-часовниот штрајк.

„Верди“ на штрајк ги повика 120 000 вработени, а „ЕВГ“ 230 000 вработени во автобуските компании и железницата.

Возовите нема да сообраќаат речиси воопшто, а од аеродромите ќе работи само Берлинскиот.

Градскиот превоз треба да запре во седум од 16-те провинции.

Според аеродромското здружение „АДВ“, штрајкот ќе погоди стотици илјади патници.

„Околу 380 000 деловни и приватни патници нема да можат да летаат“, соопштија од здружението.

Реткиот заеднички повик за штрајк во Германија означува ескалација на спорот околу платите што доаѓа во време на зголемена инфлација. „Верди“ бара зголемување на месечните плати за 10,5 отсто, но минималното покачување да биде 500 евра, додека „ЕВГ“ бара зголемување од 12 отсто за оние што ги претставува.

Работодавачите – главно државните и компаниите од јавниот сектор – досега ги одбиваа барањата, наместо тоа нудеа зголемување од пет отсто со две еднократни исплати од 1 000 и 1 500 евра, оваа и следната година. Но, синдикатите ги одбија овие понуди.

Со овие акции синдикатот „Верди“ го зголемува притисокот врз третата рунда преговори со сојузната влада и локалните власти, која треба да започне денеска.

Сепак, некои синдикати успеаја да добијат големи зголемувања на платите.

Поштенските работници, претходно во март, добија просечни месечни зголемувања од 11,5 отсто, а во ноември „ИГ Метал“, најголемиот германски синдикат, обезбеди пораст од вкупно 8,5 отсто за речиси четири милиони вработени што ги претставува.

Како и многу други земји, Германија се бори со висока инфлација откако руската инвазија на Украина ги зголеми трошоците за храна и енергија.

Со оглед на тоа што инфлацијата достигна 8,7 отсто во февруари, работодавците ги обвинија претставниците на синдикатите дека придонесуваат за проблемот преку нивните барања за зголемени плати за кои велат дека само ќе ја потхранат инфлацијата. Синдикатите го оспоруваат ова и велат дека од нивните членови е побарано да го сносат товарот на зголемените трошоци за живот.

Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење YouGov покажува дека 55 отсто од граѓаните го поддржуваат штрајкот.

Синдикатите најавија дека штрајкот ќе трае еден ден и дека состојбата ќе се нормализира веќе утре.

 

 

 

генерален штрајк Германија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.