НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Тетовирани импресии“ – ФДУ го чествува творештвото на Горан Стефановски

0
By Ана Василевска on March 27, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Горан Стефановски
Горан Стефановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје го слави творештвото на драмскиот автор Горан Стефановски со едномесечна мултимедијална програма насловена „Тетовирани импресии“. Настаните од програмата ќе почнат денеска, на Светскиот ден на театарот, а ќе завршат на  27 април – денот на раѓањето на Стефановски. ФДУ е организатор на програмата во која ќе учествуваат негови соработници, колеги и студенти.

„Ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на факултетот. Инспирација која нé поттикнува кон подобро и повеќе уште од нашата „Бушава азбука“. И од „Јане Задрогаз“, преку „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Чернодрински се враќа дома“…, се до „Огнени јазици“. Од нивното запознавање, разбирање, препрочитување и поставување, до одново станување и борење за она што е вистински наше“, соопшти ФДУ.

Манифестацијата „Тетовирани импресии“ ќе почне со одбележување на Светскиот ден на театарот – 27 Март. Во рамки на програмата ќе има испитни претстави и етиди по текстови на Горан Стефановски, проекции на филмови по негови сценарија и презентација на документарен филм во реализација, посветен на неговото дело.

„Ќе слушнете како изгледала соработката со Горан преку дискусии со неговите долгогодишни соработници, а и музичка програма во соработка со студенти од Факултетот за музичка уметност. Програмата ќе се заокружи на 27 април, неговиот роденден“, наведува ФДУ во најавата на манифестацијата.

Влезот за сите настани е слободен, а деталите за секој настан ќе бидат дополнително објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на Факултетот за драмски уметности.

Горан Стефановски театар ФДУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.