Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Единствен пат до двотретинско мнозинство за уставните измени е да се разговара со опозицијата

0
By Ана Василевска on March 29, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 29, 2023 14:15

Единствениот пат за да се постигне потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е да разговарате со луѓето од опозицијата, изјави претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес – конференција во Скопје со австристкиот претседател Александар Ван дер Белен.

-Не би сакал да видам каков било друг пристап во постигнувањето на тие две третини и ако влеземе со искрена намера, да се разбереме, ве уверувам дека аргументите се на страната на нас, на оние вклучително и мене, кои веруваат дека самата содржина на тој уставен амандман, внесување на Бугарите во нашиот Устав е бенингна промена и на ниеден начин не ја загрозува македонската сувереност, независност ниту европскиот пат, рече Пендаровски на новинарско прашање.

Прашан што ќе се случи ако нема две третини, претседателот Пендаровски наваде дека тоа е јасно, бидејќи европската преговарачка рамка вели ако не усвоиме промени на Уставот до крајот на ноември оваа година, ќе бидеме повторно блокирани овојпат со сопствена одлука на патот кон ЕУ.

Работната група која треба да ги подготви уставните измени, посочи тој, треба да ја иницира и да ја состави технички формално Министерството за правда, а ќе има и претставник од неговиот кабинет, кој ќе го предложи. Очекува тоа да се случи веќе оваа или другата недела.

-Ако опозицијата реши да не учествува ни во работната група која ќе биде допрва формирана од Министерството за правда ниту во Комисијата за уставни прашања во Парламентот, значи ни на експертско ни на политичко ниво, како што досега се нивните јавни изјави, јасно е дека и јас да се понудам да ја организирам таа дебата, тие повторно нема да учествуваат. Мислам дека грешат. Ги повикувам да ги кажат своите аргументи. И јас мислам дека таа дебата би требало да биде пренесувана директно, во живо за македонската јавност затоа што  да ги соочите аргументите на двете страни, претпоставувам дека и тие ги имаат, ќе видите дека зборуваме за работи кои пред 22  години веќе сме ги направиле. Ако додадеме три или четири народи кои живеат тука, независно од таа бројка знаете  бугарското малцинство е околу 3,5 илјади во Македонија. Сигурно нема државата да пропадне, рече Пендаровски.

Според него, оние кои мислат дека европската преговарачка рамка, која беше усвоена лани во Парламентот, не е добра и дека кога тие би биле во позиција да преговараат, би направиле подобра преговарачка рамка, вели, не знаат како функционираат механизмите во рамките на ЕУ.  

-Ако некој може да испреговара подобра преговарачка рамка, јас ќе бидам првиот кој ќе му честита на тоа. Меѓутоа ги уверувам да не се обидуваат тоа да го прават денес, утре, задутре, догодина, затоа што нема да има шанса одново да се преговара една работа која е договорена со 27 земји членки на ЕУ, изјави Пендаровски.  

Посочи дека преговарачката рамка во која стои и обврската за промена на Уставот и додавање на Бугарите и на некои делови на народи кои живеат тука, е договарана неколку месеци. Франција беше само посредник во тие шест месеци, во тие преговори, меѓутоа сите други вклучително и Бугарија, како земја членка на ЕУ се согласија со таа преговарачка рамка, посочи шефот на државата.

Прашан во однос на тоа дали се можни нови барања на нашиот европски пат, Пендаровски вели дека е логично прашањето, но оти се надева дека такви работи нема да се случуваат, затоа што кредибилитетот на ЕУ како организација која со години и децении наназад беше сметана и е шампион во промоција на човекови права и демократија беше драстично нарушен.  

-Заради кредибилитетот во регионот и пошироко, ЕУ самата внатре не треба да дозволи било која членка да поставува прашања особено не прашања или да проблематизира нечиј влез кој нема врска со реалните критериуми, вредности и принципи заради кои е формирана и заради кои постои толку децении самата ЕУ како организација. Значи да блокирате држава во однос на идентитетски прашања или во однос на историски прашања, е недозволено и не би требало да биде дозволено во модерна Европа, вели Пендаровски.  

двотретинско мнозинство Стево Пендаровски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.