НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Целта е во не повеќе од два владини мандати да ги завршиме преговорите за членство

0
By Jane Gjorgioski on March 30, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Би сакал да им честитам на дел на колегите бидејќи навистина има многу одговорни, квалитетни луѓе коишто си ја сфаќаат работата многу сериозно, имаат мотивација, имаат желба, и покрај тоа што знаеме какво е нивото на платите во јавниот сектор, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во гостувањето во ТВ21, прашан за капацитетите на администрацијата во процесот на преговори за членство во Европската Унија.

Значи има луѓе кои навистина даваат многу во овој процес и на чијашто работа се темели процесот. И нив треба, навистина, да им се оддаде признание. И тие се поголем дел од учесниците во скринингот. Јас присуствувам на, да речеме, 80 проценти од скринингот до сега, можам да ви кажам дека за некои поглавја сме имале импресивни настапи. Каде што сме имале и по 40 презентации и квалитетни, коишто отвориле прашања на коишто сме дале квалитетни одговори. И сме биле добро оценети на лице место. Не се пишува таму оценка, туку велат задоволни сме од тоа што сме го слушнале. Ќе го видиме, на крајот на краиштата, во извештајот, рече Маричиќ.

Тој додаде дека постои структура којашто е базично поставена и поглавјата веќе имаат свои носители, но она на што се работи сега од тесната преговарачка група, е на утврдување на носител на кластери, и на конкретни прашања како што се главен економист, главен правник, главен антикорупционер.

-Блиску сме до комплетирање на тој тим, треба време повеќе, затоа што не е лесно да се најде човек којшто ќе сака да се посвети на тоа и ќе се откаже од други ангажмани, баравме и начин каква финансиска конструкција да направиме за да можеме тие луѓе да ги ангажираме, бидејќи тоа не се позиции на кои ќе се ангажираат луѓе за редовните примања во јавната администрација, има и странска помош во еден дел, и мислам дека во наредните неколку недели ќе ги објавиме, потенцира вицепремиерот.

Според него процесот на скринингот е долг, обемен, сериозен и бирократски, а во однос на патоказите кои ќе произлезат од него, тој одговори:

-Ќе поканиме и странски експерти, од Холандија, и од други држави коишто се заинтересирани, Холандија како најзаинтересирана за Владеење на право, во креирање на тие патокази, затоа што тие патокази ќе ни ги одредат задачите за наредните седум години, односно до членството. И наша цел треба да биде во не повеќе од два мандати владини да ги завршиме преговорите, тоа дали е возможно ќе видиме, но ние мора да бидеме амбициозни и да притискаме. Не заради оваа Влада, заради државата, заклучи Маричиќ.

Бојан Маричиќ ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.