Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел е за продолжување на преговорите Турција – ЕУ

0
By Нова ТВ on February 24, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 24, 2013 11:39

Германската кацеларка Ангела Меркел во видеото објавено во саботата навечер пред посетата на Турција, на нејзината интернет страница, вели дека е наклонета за отворање на ново поглавје во пристапните преговори со Анкара.

Сепак, германската канцеларка Ангела Меркел којашто заговара „привилегирано партнерство” за Турција наместо полноправното членство во Европската унија, истакна дека е резултат на преговорите на Анкара со Брисел треба да остане отворен и останува скептична во врска со тоа дали Турција треба да и се приклучи на ЕУ.

Турција повеќепати огорчено приговараше поради недостигот од поддршка на Берлин во нејзините надежи за придружување на Европската унија за двојните стандарди во водењето преговори, бидејќи го нема предвид полноправното членство.

„Мислам дека пред нас се долги преговори, Иако сум скептична, согласна сум со продолжувањето за членството. Се занимаваме со ова со отворен резултат”, вели Меркел.

„Во последно време преговорите малку запнаа и јас сум за отворање ново поглавје за да се тргне напред”, смета канцеларката на Германија.

Меркел има намера за тоа да разговара со владата на Турција во текот на нејзината дводневна посета на оваа земја, кога во понеделник во Анкара треба да се сретне со турскиот претседател Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердган, пренесува макфакс.

Со оваа порака, Меркел го повтори и ставот на шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус кој на 12-ти февруари изјави дека е наклонет кон отворање ново поглавје во преговорите со Турција.

Во разговорот на истата тема објавен во саботата во регионалниот германски весник Passauer Neue Presse, германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле се заложо за забрзување на пристапните преговори.

Турција во 2005 година ги започна пристапните преговори со Европската унија, но тие не напредуваат, бидејќи некои европски земји, како на пример Франција и Германија не се најрасположени за турското пристапување.

Покрај тоа, Турција одбива на Кипар да ја прошири предноста на договорот за слободен сообраќај кој ја поврзува со европскиот блок. Тоа одбивање доведе до замрзнување на неколку поглавја од преговорите, а од 35 преговарачки поглавја затворено досега е само едно.

Турција ги започна пристапните преговори со Европската унија во 2005 година, четири децении по потпишувањето на договорот од Анкара за царинската унија со тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ), меѓутоа преговорите запнаа поради противењето на Франција и Германија и нерешениот спор околу Кипар. Досега Турција затвори само едно поглавје од пристапните преговори.

На почетокот од февруари, при посетата на чешката престолнина Прага, турскиот премиер Ердоган повтори, како и во октомври 2012 годинам, дека ЕУ би можела да ја загуби Турција доколку не и го одобри членството до 2023година, кога се одбележува стотата годишнина од основањето на современата турска држава, нарекувајќи го одложувањето „непростливо”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

ВЕСТИ May 1, 2026

Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ, а потоа ќе продолжи…

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.