НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За неколку недели активности и на Коридорот 10д, најави Ковачевски

0
By Ана Василевска on April 6, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За неколку недели ќе почнат физичките активности на Коридорот 10д на настан во присуство на медиумите, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На Коридорот 10д треба да се гради автопатската делница Прилеп – Битола, како дел од договорот што го потпиша Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) со Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со кој ќе се градат и три автопатски делници на Коридорот 8, а официјалниот старт беше означен завчера.

Ковачевски во одговор на новинарско прашање објасни зошто Владата го назначила вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за координатор на активностите за реализација на проектите на Коридор 8, истакнувајќи дека не се работи за дополнителна одговорност и надлежност, туку за координација како и кај сите други вицепремиери кои имаат координативна улога со други ресори.

Според Ковачевски, капиталните инфаструктурни проекти се во исклучива надлежност, одговорност  и обврска на Министерството за транспорт и врски и институциите во негови рамки, како ЈПДП и МЖ Инфаструктура.

-Како и за други области во вакви големи инфаструктурни проекти, покрај обврските на институциите и Министерството кои имаат исклучива надлежност, во најголем дел се јавуваат потреби од мислења и ефективна и ефикасна работа и  од други институции кои не се во надлеженост на Министерството за транспрт, туку на Владата, како што Управата за имотно-правни работи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното правобранителство, општините, а ќе требаат и побрзи процедури и за работната сила која ќе доаѓа од странство. Заради побрзо и поефикасно координирање на таквите активности се назначува еден од вицепремиерите, рече Ковачевски, наведувајќи примери со координативната улога и на другите вицепремиери.

Вредоста на договорот за коридорите 8 и 10д е 1,3 милијарди евра, без средствата за проектирање и експропријација. По објавите во однос на компаниите од конзорциумот ИРД инжинеринг, избраниот надзор за проектот, Обвинителството отвори предмет по допрен глас, а предмет отвори и Антикорупциската комисија која најави дека поради специфичноста ќе му даде посебно значење.

Во однос на тоа колку чинела манифестацијата со која во вторникот беше означен почетокот на градежните активности на Коридорот 8 и како била избрана фирмата „Арберија“, премиерот упати на Кабинетот на вицепремиерот Груби, кој е и претседателот на Управувачкиот комитет за овој Коридор.

„Во делот на подготовката на настанот за пуштање на работите на Коридорот 8 бевте информирани дека бев во официјална посета на Србија, потоа заедно со претседателот на Србија и премиерот на Албанија бевме на Саемот на вино во Италија каде заедно се претставивме и потоа бев во официјална посета на Словенија така што заради службени обврски не бев во ситуација да бидам дел од монтажа на бина на автопатската делница Тетово-Гостивар и сите информации кои се однесуваат на монтажата на бината ќе може да ги добиете од страна на Кабинетот на вицепремиерот Груби кој е претседател на управувачкиот комитет за Коридорот 8“, рече Ковачевски.

Димитар Ковачевски Коридор 10д Коридор 8
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.