НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: Одлуката на Арбитражниот суд за случајот „Бечети“ скандалозна, жестоко ќе реагираме

0
By Ана Василевска on April 7, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама ја оцени како скандалозна одлуката на Арбитражниот суд со која Албанија на италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети треба да му исплати отштета во износ од 110 милиони евра, најавувајќи „жестока реакција и можно напуштање на надлежностите на судот“.  

Во изјава по седницата на Владата, на новинарско прашање за случајот „Бечети“, шефот на албанската влада одговори дека од следната недела ќе ја анализираат можноста за целосно напуштање на надлежноста на судот, додавајќи дека Бечети, за кого нагласи дека е осуден измамник на 17 години затвор за измама на албанската држава, до сега не добил ниту еден лек од албанската држава, како што, според него, „некој пред секои избори пласира лажни вести“ и дека борбата со него ќе продолжи. 

„Она што е важно денес јавноста да го слушне е дека истите тие луѓе пред две години ѝ кажаа на јавноста дека Албанија ги платила тие пари. Истите овие луѓе делеле летоци во автомобили на булеварот и под вратите дека сме изгубиле 100 милиони евра. Овие 100 милиони не се исплатени и вие сега го поставувате прашањето дали се блокирани или не, односно ги нема никаде во џебот на таа измама и ова е моментот да им се извинат на Албанците што ги излажале“, рече тој.  

Арбитражниот суд на 29 март донесе конечна одлука со која Албанија дефинитивно го загуби случајот против италијанскиот претприемач Франческо Бечети, во врска со обештетувањето што тој го побара за затворањето на телевизијата „Агон чанел“ во 2015 година. 

Според одлуката, Албанија треба да му исплати отштета во износ од 110 милиони евра, како и обврската од 145 илјади евра за повторното отворање на случајот. 

Арбитражен суд Албанија Еди Рама Франческо Бечети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.