НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Договорот за културна соработка нуди можности за развој и континуитет во односите со Турција

0
By Marta Pesevska on April 7, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Фото: Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

 

Во фокусот на средбата беше новиот Договор за културна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, кој од името на двете влади го потпишаа министрите  Костадиновска-Стојчевска и Ерсој.

„Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Турција се одвиваат во духот на традиционалното пријателство и партнерство и во таа смисла, Договорот кој денеска го потпишавме со сигурност ќе ги продлабочи и онака добрите културни врски меѓу институциите од двете држави, ќе ја стимулира размената на авторите, репродуктивните уметници и ансамблите, ќе го поттикне користењето на ресурсите што се поседуваат, ќе го зајцврсти партнерскиот однос на институциите од државите и нивната соработка со меѓународните организации“, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Двајцата министри, изразувајќи го задоволството од досегашната соработка, изразија подготвеност таа да продолжи преку реализација на уште многу нови иницијативи и проекти со кои ќе се интензивира соработката во делот на културата.

„Задоволни сме од досегашната соработка на уметниците, институциите и здруженијата од културата, од двете земји, особено во литературната, фолклорната и драмската дејност. Уверена сум дека со денешното потпишување на новиот Договор за културна соработка, ќе  овозможиме уште побогата институционална соработка, реципрочно користење на капацитетите на институциите, заеднички проекти и иницијативи“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека културата не познава граници и токму тоа што во уметноста сме сите исти ѝ ја дава универзалната сила за уште поголемо зближување, развој и унапредување на односите помеѓу народите.

Министерката за култура на средбата нагласи дека Република Северна Македонија обрнува големо внимание на реализацијата на проекти со кои се унапредуваа дејствувањето на турската заедница во државава.

„Еден од нив е проектот за изградба на нов Турски театар, со чијашто изведба турската заедница ќе добие театарско здание според светски стандарди. Објектот е веќе изграден до фазата затворена карабина, без фасада. Во таа смисла, на средбата го актуелизиравме прашањето за учеството на турската страна во комплетното завршување на објектот, имајќи го предвид потпишаниот Меморандум“, рече министерката за култура.

Во тој контекст, Костадиновска-Стојчевска изрази уверување и дека наскоро ќе се изнајде решение и за проектот за реставрација и адаптација на објектот Куршумли ан, за активностите на културниот центар „Јунус Емре“ и изрази уверување дека со поддршка од министерот Ерсој, наскоро ќе почне реставрацијата на објектот.

Костадиновска-Стојчевска, поздравувајќи го завршувањето на проектот за реставрација и конзервација на Султан-муратовата џамија во Скопје, ја истакна и одличната соработка со Турската агенција за соработка и координација – ТИКА со која досега се реализирани повеќе проекти од областа на заштитата на културните знаменитости, со посебен акцент на спомениците од османлискиот период.

Министрите Костадиновска-Стојчевска и Ерсој ја потенцираа и одличната соработка меѓу Националните комисии за УНЕСКО бидејќи со заеднички заложби се придонесува за промоција на традиционалните вредности кои се дел од светското кулурно наследство.

Двајцата соговорници изразија уверување дека успешната соработка и планираните активности во областа на културата ќе продолжат со истиот интензитет и поддршка од двете страни.

билатерална соработка Бисера Костадиновска - Стојчевска Мехмет Нури Ерсој.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.