Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кардиохирурзите од Ниш работеа 12 викенди по ред за веќе да нема листа на чекање

0
By Соња Крамарска on April 10, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2023 09:57

„По речиси 100 дена работа и 12 последователни работни викенди, постигната е целта што ја постави Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар во Ниш да ги елиминира сите листи на чекање за кардиоваскуларни операции! Од денеска листите на чекање не постојат на нашата клиника“, објави на Фејсбук Драган Милиќ, директор на Клиниката за кардиохирургија на Клиничкиот центар Ниш, пренесе Н1.

Милиќ напиша дека од денеска клиниката ќе се врати во редовна работа, а ниту еден пациент кој ќе помине на клиниката за анестезиологија нема да чека на операција повеќе од 5-15 дена.

Според него, на почетокот на годината имало листа на чекање со 149 пациенти. Таа сега е претворена во список за закажување на кој има 42 пациенти. „Операциите за кои минатата година требаше пациентите да чекаат три до четири, а понекогаш и шест месеци, веќе нема да мора да се чекаат“, напиша Милиќ.

Тој особено посочи дека ниту еден пациент кој бил опериран за време на викендот не починал и дека не се покажала точна претпоставката дека за време на викендот се губи концентрацијата и се намалува квалитетот на работата.

Во декември 2022 година, лекарите од нишката кардиохирургија побараа да им се дозволи да работат како волонтери и за време на викендите, за да се намалат листите на чекање, а побараа од Министерството за здравство и другите надлежни институции да им обезбедат материјал за работа. Но, Министерството и управата на Клиничкиот центар молчеа, па лекарите самоиницијативно решија да го спроведат својот план.

Извор: Н1

 

 

Викенд кардиохирурзи Ниш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.