Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците на врвот на листата за добивање бугарски пасош

0
By Соња Крамарска on April 12, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 12, 2023 09:49

Македонците повторно се на врвот на листата на странци кои се стекнале со бугарско државјанство. Според податоците коишто ги објави порталот Сега, 1.992 Македонци лани се стекнале со бугарски пасош, по што следат Украинците (1.639), Турците (1. 290), Србите (556), Албанците (517), Молдавците (476) и Русите (356).

Состојбата е слична со претходните две години, но тогаш бројката на Македонците кои што добиле бугарски пасош била многу поголема. Во 2021 и 2020 година, 7.696 и 9.098 Македонци добиле бугарско државјанство, како и 1.547 и 1.926 Украинци, 1.269 и 997 Албанци, 1.145 и 899 Турци, 1.127 и 1.221 Молдавци и 1.053 и 1.228 Срби. Ова се податоци на Комисијата за бугарско државјанство.

Статистиката вели дека секој ден по еден Русин добива бугарски пасош. Но, Русите се само на седмото место меѓу луѓето кои добиле бугарско државјанство во текот на годината. Па така, 356 Руси земале бугарско државјанство во 2022 година. Војната која што Русија ја започна во Украина не ги промени досегашните трендови. Во 2021 година, 479 граѓани на Руската Федерација добиле бугарски пасош, што им ги отвори вратите за ЕУ. Една година претходно нивниот број беше 485.

Бугарско државјанство лани добиле и 202 Израелци. Бугарски документи добиле и 86 лица од Сирија, 50 од Ерменија, 33 од Ирак и 23 од Виетнам. Бугарско државјанство земале и 13 лица од Европската Унија.

Вкупно во текот на годината 7.410 лица се стекнале со државјанство врз основа на бугарско потекло, бугарски државјанин како родител или општа натурализација. Бугарското државјанство им било вратено на 2.660 лица. На предлог на министерот за правда, натурализацијата на 13 лица е откажана поради различни прекршоци.

 

бугарски пасоши Македонци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.