НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Лага е сè што кажува Николоски за договорот со „Бехтел и Енка“

0
By Соња Крамарска on April 12, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство во изминатиот период потврдија дека единствено што знаат да прават е да шират хистерија, лаги и да блокираат во Собранието. Тоа го правеа со сите законски решенија кои беа во времето на пандемијата, на енергетската криза и го прават истото со сите големи инфраструктурни проекти. Така да тоа што го кажува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е една обична лага и ширење на невистини како што го прават тоа и неговите колеги, вклучително и неговиот претседател кој го гледам по цел ден само се заканува и ништо не работи“, рече премиерот Димитар Ковачевски по изјавите на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски  во врска со Договорот за коридорите 8 и 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“.

„Договорот со „Бехтел и Енка“ е потпишан врз основа на посебен закон одобрен во Собранието од страна на сите пратеници и тој договор ги има поминато сите законски процедури за склучување и беше јавно потпишан. Во договорот, кој е над 400 страници, се дефинирани сите услови за изградба на овој автопат при што постојат одредени активности кои можат да се направат, а кои сега се дел од парламентарната процедура, а тоа е измени на неколку закони во однос на обезбедување на услови за забрзување на постапката за изградба на овие две големи автопатски делници Коридор 8 и Коридор 10-д“, рече Ковачевски.

Тој повтори дека намерата е да се изгради модерен автопат во период од пет години со сума која е соодветна на сума за изградба на таков модерен автопат. Соодветно на тоа пратениците, рече, имаат можност тие законски одредби да ги одобрат согласно со процедурите и дискусијата која се одвива во Собранието.

„Сите други одредби кои се однесуваат во Законот се согласно со специјалниот закон кој е донесен“, нагласи Ковачевски.

На прашањето кои се точните обврски кои државата ќе ги преземе доколку задоцни со изградбата на делницата, Ковачевски рече дека во оваа држава постојат закони, постои специјален Закон заизградба на коридорот 8, како стратешки проект и постои договор кој денеска ќе биде објаснет во детали.

„Така да сите оние лаги кои ги кажуваат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се демантираат како што и се досега што кажуваа како лага се демантираше. Единствено што гледаме секое утро се лаги, невистини и хистерија кои ги шири опозицијата. Се што кажаа досега, излажаа. Сега мора да измислат нова лага за да избегаат од најголемата лага – изборот на градоначалник на Скопје. ВМРО-ДПМНЕ кандидираше градоначалник, две години од мандатот поминуваат, ниту еден проект немаат направено, се што беше претходно почнато, е заглавено. Погледнете ги проектите за 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, на пример автопатот Кичево – Охрид, почнат беше во 2013 година со погрешена траса и неколку години требаше да се менува целиот проект. Тие така работат што точно се гледа од судските случаи кои ги имаат. Дали некој зел нешто, така размислуваат“, изјави Ковачевски.

Во врска со зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа, тој посочи дека „се работи за законска измена што се однесува само на ваков стратешки проект од национален интерес“.

„Интенцијата е на доброволна основа, работник кој ќе сака да работи повеќе од она што е законски пропишано тоа да му биде платено за секој час и дополнително за работа во недела да добива 50 отсто поголема дневница. Со тоа ќе останат повеќе финансиски средства во државата, ќе се забрза изградбата на патот и ќе се намали и сумата на вкупното чинење со оглед на тоа дека ќе биде побрзо изграден автопатот доколку се гради со повеќе работни часови во текот на неделата“, одговори Ковачевски. 

Одговорот на Ковачевски уследи откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пред два дена во телевизиско гостување рече дека Владата се обврзала да му плаќа огромни пенали на американско-турскиот конзорциум ако работната недела не се зголеми од 40 на 60 часа во период од 45 дена од потпишувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д.

Од Владата тврдат дека нема да се плаќаат пенали на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради коридорите 8 и 10-д доколку не му овозможи поголема работна недела, но во таков случај на сметка на државниот буџет ќе бидат сите трошоци за изградба на автопатиштата откако ќе помине предвидениот рок за изградба од речиси пет години.

Денеска Николоски преку објава на својот официјален фејсбук-профил, повикувајќи се на дел од договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“, тврди дека дури и да се донесат измените за 60-часовна работна недела, но ако тоа се случи по утврдениот рок од 45 дена од потпишувањето на договорот, државата ќе мора веднаш да исплати 53 милиони евра дополнителни трошоци, односно пенали, како што ги нарече, на конзорциумот.

Александар Николоски Бехтел и Енка Диумитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.