НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи од Ерменија: Мојата посета е во насока на поддршка за сеопфатно и одржливо решение помеѓу Ереван и Баку

0
By Marta Pesevska on April 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Статусот на мировниот процес помеѓу Ерменија и Азербејџан и поврзаните хуманитарни прашања, но и соработката со ОБСЕ во насока на поддршка на реформската агенда на земјата, беа во фокусот на разговорите со Премиерот и Претседателот на Ерменија, со кои денеска се сретна министерот Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ.

Со ерменскиот премиер Никол Пашинјан се осврнаа на позицијата на Ереван, особено во врска со безбедносните прашања, за која, како што рече Османи, е прагматична со оглед на актуелната ситуација.

Тој додаде и дека ОБСЕ, како долгорочен меѓународен партнер на Ерменија, ќе придонесе за унапредување на перспективите за мир.

Ве уверувам дека мојата посета е во насока на поддршка на мирот и стабилноста, особено земајќи предвид дека сеопфатно и одржливо решение помеѓу Ереван и Баку сè уште не е постигнато, рече на средбата Османи.

Тој исто така ја истакна и досегашната успешна соработка на земјата со ОБСЕ, потенцирајќи дека истата има можност уште да се продлабочува и притоа од Пашинјан побара поддршка за целосно оперативна и функционална Организацијата, со цел развој на нови активности кои ќе помогнат во сеопфатен мировен договор.

ОБСЕ активно соработува со Ерменија во широк спектар на иницијативи во изминатите пет години како дел од ‘Програмата за соработка со Ерменија’, а ја имате мојата целосна политичка поддршка и за дополнителни активности кои ќе помогнат на луѓето погодени од конфликти, рече Османи.

Актуелните теми во врска со конечно решавање на долгогодишните прашања и нормализирање на односите помеѓу сите земји беше предмет на разговор и со ерменскиот претседател Вахан Хачатуријан, на кого Османи му порача дека градењето мир и доверба е од огромно значење за сите.

Верувам дека постои поддршка од сите страни за сеопфатен и траен мир меѓу Ерменија и Азербејџан, како и во целиот регион на Јужен Кавказ. Свесни сме дека доаѓање до решение е многу тежок предизвик, но најважно е да се бара иднината. Минатото колку и да е болно и тешко, нема да донесе излез од ситуацијата, рече Претседавачот Османи.

Со претседателот Хачатуријан Османи разговараше и за поддршката на ОБСЕ како платформа за изнаоѓање целосно и сеопфатно решение во нормализирањето на односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека Северна Македонија, како Претседавач со ОБСЕ може да даде корисен придонес за градење доверба и нормализирање на односите.

Бев заинтересиран да се информирам повеќе за статусот на дискусии за перспективите за мир. Важно е сите страни да се ангажираат за смирување на тензиите, а ние ќе продолжиме со силна поддршка на иницијативите за постигнување мировен договор“, истакна Османи.

Двете средби со државниот врв на Ерменија беа во насока на изнаоѓање решение за кревката безбедносна ситуација на терен, но и поддршката од ОБСЕ во справувањето со внатрешните и надворешните предизвици во трите безбедносни димензии кои се во рамки на конкретниот мандат на Организацијата.

ОБСЕ Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.