Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите објавени од страна на телевизија Телма кои се однесуваат на изградба на Коридорите 8 и 10 д.

0
By Ана Василевска on April 24, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 24, 2023 13:55

Во објавата на нивната веб страна во која стои дека “Министерот Благој Бочварски потврдил дека почнал да тече рокот за плаќање на пенали кон Изведувачот”, најодговорно тврдиме дека се груби невистини и чиста манипулација на јавноста“, сооштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Од таму велат дека министерот Бочварски во својата изјава на која присуствуваа и други национални медиуми, токму на прашање на новинар на телевизија Телма, изјави:

“Во однос на почетокот на градбата ние веќе информиравме дека 22 април е старт каде што изведувачот започнува со изработка на проекти, на урбанистички на основни проекти, со цел да започне и постапка на експропријација на земјиштито кое што е приватно. Да изврши снимање на теренот, состојбите, постоечката состојба на трасата. Да се види каде има подземни, надземни инсталации кои можеби ќе треба да бидат дислоцирани во текот на самата градба. Да се утврди постапката на геотехнички, геомеханички истражувања бидејќи без такви квалитетни анализи кои што претходат на почетокот на градбата, верувајте ќе имаме големи проблеми и одлагања на понатамошниот тек на градбата и тоа ќе има негативни влијанија врз целиот проект.
Заради тоа чекор по чекор сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите навремено, брзо и ефикасно бидејќи граѓаните повеќе време за губење немаат. Јас верувам и Вие треба да ги прашате граѓаните на Прилеп и на Битола на Тетово, Гостивар Кичево, Струга и Охрид во каква инфраструктура сакаат да патуваат и дали таа треба да ја очекуваат во наредните 15 -20 години или тоа треба да го направиме час поскоро.
Што се однесува до исплатата на средствата, досега не се исплатени средства кон компанијата. Првата исплата на средства би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар кој ќе биде од страна на Владата и државата кон ЈПДП а потоа и кон изведувачот и ќе биде објавен на сајтот на јавни финансии.

„За прашањето за пеналите го апсолвиравме и одговоривме, а ви кажав дека немаме исплатено ниту средства за авансот се уште. Така што, во однос на ова прашање ви дадов одговор” , изјави министерот Бочварски.

Од министретсвото апелираат , во интерес на јавноста и етичноста на новинарската професија, да се почитува начелото на професионално информирање на јавноста се со цел таа да биде навремено и доследно информирана.

благој бочварски коридор 8 и 10-Д Министерство за транспорт и врски Телма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.