Фани Каранфилова-Пановска, која беше спомната во контекст на иницијативата на Никола Димитров, во текстот на НоваТВ „Никола Димитров ги собира незадоволните од СДСМ: Политички кам-бек или тест на можностите?“, остро реагираше до Редакцијата и ја демантираше таа информација.
Во телефонскиот контакт со Редакцијата, Каранфилова-Пановска истакна дека од неа не е побарана изјава, а дека тврдењето во текстот е неточно.