НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Писмото на Агелер е пратено секаде каде што е потребно

0
By Соња Крамарска on April 26, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тоа се прашања за судиите коишто работат и за оние кои управуваат со работата на судиите, рече премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар за писмото на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

Во писмото кое на 11 април Агелер го испратила до судските и извршните органи таа изразува загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Самит Македонија2025, Ковачевски рече дека мора да се разграничи дека во државата има поделба на власта на извршна – Владата, законодавна – Собранието и судска власт –правосудните органи и дека писмото се однесува на правосудството.

На прашањето дали тоа значи дека писмото е пратено на погрешна адреса, одговори дека е „пратено секаде каде што е потребно“ и дека Владата стои на располагање за унапредување на законите, обезбедува услови за функционирање на судовите – во делот на буџетот, во предлагање законски решенија за унапредување на судската пракса итн. Но дека низа предлог-закони во Собранието се блокирани од опозицијата.

По донесениот нов Кривичен законик пред неколку месеци, подготвен е, рече, и нов закон за Судската академија, нови закони се подготвени за ренумерација на судии и обвинители.

„Но голем број од нив се блокирани во Собранието и тоа е прашање за опозицијата, а не за мене, бидејќи опозицијата ги блокира и мора да ги каже причините поради кои ги блокира – платите на судиите, реформа на Судската академија, тоа е се блокирано во Собранието“, изјави Ковачевски.

Посочи и дека во време на кризна година Владата во ниту еден момент, како што рече, не ги намалила финансиите за правосудството со кои подоцна самите управуваат со нив, а и капиталните инвестиции се на ниво на предвиденото.

„Дел од судниците се дигитализираат, првата е веќе пуштена во употреба, веќе функционира и дел од системот за интероперабилност меѓу институциите, со оглед дека по електронски пат се забрзува комуникацијата на судовите со институциите со кои најмногу разменуваат информации. Се е тоа што Владата може да го направи во делот на унапредување на судството. Но, она што дополнително треба да се направи е повеќе да се вклучи Собранието, политичките партии, во делот на комуникација со судовите, зашто и по Устав, и по закон, судиите, членовите на Судскиот совет се избираат во Собранието“, рече премиерот.

Смета дека треба да се воведат подетални, мерливи показатели на секој поединец од правосудната фела бидејќи, како што рече, „не би генерализирал дали нешто комплетно не функционира или комплетно функционира“.

„Сепак, се работи за систем во кој постојат поединци од кои дел, веројатно, добро ја извршуваат својата работа, дел помалку добро, дел треба да го унапредат своето работење, а дел треба да бидат освежени со нов кадар. Но, сепак, тоа не е во ингеренции на Владата. Тоа што е во надлежност на Владата ние секојдневно го правиме на многу транспарентен начин“, додаде Ковачевски.

Димитар Ковачевски писмо од Агелер судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.