НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов претседател на Судскиот совет ќе се избира на 2 мај со присуство на сите членови

0
By Ана Василевска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седницата на Судскиот совет на која треба да се гласа нов претседател е закажана за 2 мај во 11 часот. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, кој вчера со седум гласа ја разреши претседателката Весна Дамева без присуство на сите членови на ова тело, денеска побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето, како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови.

„Денеска беше закажана 439 седница, но веќе дебатиравме дека кога се прави избор на претседател на Судски совет, добро е и пожелно сите 13 члена да бидат присутни и Советот да биде во полн состав. Но, од оправдани причини еден член на Судскиот совет не е присутен и сите се согласуваме дека кога имаме ваква важна точка треба да сме сите присутни и од тие причини предлагам да се одржи за 2 мај“, изјави на седницата заменик-претседателот.

Разрешената претседателка Дамева произнесувајќи за предлогот за одлагање на седницата рече дека се надева дека во наредните денови ќе има доволно време да се обезбеди потребното мнозинство.

-Мене ми е навистина непријатно што ова се случува. Иако морам да бидам искрена, како што сум била секогаш, дека очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување без проверена каква било постапка понатаму на некој начин  ќе се легализира. Спомнувајќи од ваша страна преку Уставен суд  итн. не навлегувам. Но требаше да не заштитите вие како заменик-претседател и одговорен во овој момент претседавач на оваа седница, да не заштитите од сите можеби влијанија, притисоци, закани итн. И доблесно беше бидејќи ставот на секој  судија и на секој член на Судски совет е во овој момент и сега ако никој нема изградено дефинирано став сега, тогаш колеги повторно потврдувам дека ние не сме на ниво на задачата да бидеме дел од ова судско тело, истакна Дамева.

Гласањето за одлагање на седницата продолжи, а откако Адеми истакна дека 8 гласала биле „за“ и двајца „против“, Дамева побара поединечно гласање по кое резултатот беше 4 „против“, наспроти 8 „за“.

Тој не даде изјава за новинарите, кои побараа појаснување на забелешките на невладините и експертите дека вчерашното разрешување на Дамева е незаконско и против процедурите и Деловникот, а не одговори ниту како вчера за разрешувањето не се барало присуство на сите членови, а денеска за изборот на нов се бара.

Адеми во присуство на Дамева, по неколку часа тензии и караници на седница во Советот вчера го презеде раководењето со седницата и предложи да се гласа за нејзино разрешување со кревање рака. За разрешувањето на Дамева гласаа седум членови – Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска, по што заменик-претседателот констатира дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата и ја закажа денешната за избор на нов претседател.

Коалицијата „Сите за правично судење“ за вчерашната седница на Судскиот совет на РСМ изготви извештај во кој меѓу другото се наведува дека престанок на мандат, во смисла на разрешување, може да постои само како резултат на сторена дисциплинска повреда согласно членот 34 од Законот за Судски совет. Од Колицијата појаснуваат дека за да постои каква било дисциплинска мерка или разрешување на член на Советот, претходно мора да биде спроведена дисциплинска
постапка согласно членот 35, односно да биде поднесено формално образложено барање
поткрепено со докази, доставено од кој било член на Советот или најмалку 20 судии. На ваквото барање,
членот против кого се однесува, може да достави одговор во рок од 8 дена од денот на добивање на барањето
со доказите, по што во рок од 2 дена претседателот, односно заменик претседателот на Советот ги доставува
материјалите до останатите членови и закажува седница на која ќе се расправа по барањето.

-По ова, за да може да се донесе одлука за разрешување на член на Советот, за истата мора да гласале најмалку 8 члена со
право на глас, при што мора да гласале за разрешувањето и најмалку двајца членови избрани од Собранието, а притоа членот за чија одговорност се одлучува и членот кој е подносител на барањето не учествуваат во гласањето. Поради ова, Судскиот совет не можел да донесе одлука за разрешување од функцијата претседател на Судски совет без да донесе одлука за разрешување на членот како член на Судски совет, односно не ја испочитувал процедурата во која може да се одлучи за каква било дисциплинска одговорност на член, вклучително и претседателот на Судски совет, како и ја донел одлуката со несоодветно мнозинство, односно наместо со 8, одлуката ја донел со 7 гласа „за“, од кои еден бил и глас на членот кој ја покренал иницијативата за разрешување, нагласуваат од Коалицијата.

Разрешувањето на Дамева предизвика реакции во јавноста и кај експертите во правосудството дека всушност станува збор за непочитување на процедурата и Деловникот, а со став излегоа претседателот на држвата, пратеници во Собранието, ДКСК. Министерството за правда заради добивање повеќе информации испратило барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од вчерашната седница, како и усвоениот дневен ред, на која беше разрешена претседателката Дамева. Во денешното соопштение од Министерството за правда се вели дека со голема загриженост ги следат настаните во Судскиот совет.

Весна Дамева Седница на судски совет Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.