Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Научна конференција за балканската винска сорта Кратошија

0
By Соња Крамарска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 27, 2023 16:46

Земјоделскиот институт – Скопје одржа научна конференција насловена како „Кратошија – винско наследство на Балканот“, со цел промоција и афирмација на балканската винска сорта Кратошија.

На конференцијата оваа сорта беше претставена како симбол на тесната меѓусебна поврзаност на балканските народи и сведок на заедничките традиции и културно наследство, каде што оваа сорта опстојува многу одамна на овие територии. Затоа за оваа сорта говореа еминентни научни експерти од земјава и регионот (Италија, Словенија и Црна Гора), од областа на лозарството и винарството, кои ги споделија своите искуства и истражувања поврзани за Кратошијата.

Конференцијата ја следеа претставници од научно-образовната фела, УКИМ, од владините институции и организации, од винарскиот и лозарскиот сектор, од дипломатскиот кор, како и други засегнати лица и организации.

Настанот го отвори директорот на Земјоделскиот институт – Скопје, Виктор Ѓамовски, потенцирајќи го значењето на науката и научните сознанија како најголема надеж и перспектива за економскиот развој на државата. „Само континуираното вложување во научните истражувања може да резултира со јасни одговори на предизвиците со кои се соочуваме денес, како што се климатските промени, животната средина, обезбедување со храна и економските кризи“, рече тој.

Институтот во областа на лозарството и винарството, рекоа експертите, постојано работи на интродукција и колекционирање на автохотните, регионалните и на интернационалните сорти и ги проучува нивните агробиолошки и технолошки својства во различни лозарски реони со цел да се подобри сортиментот и воопшто лозарскиот и винскиот сектор во државата, како што се и научните истражувања за сортата Кратошија кои беа презентирани на конференцијата.

Марио Де Роса, заменик шеф на мисијата и одговорен на трговско-економскиот оддел во италијанската амбасада во Скопје исто така го потенцираше значењето на лозарскиот и винарскиот сектор и за двете земји, кои меѓусебно соработуваат за нивно унапредување.

За потеклото, ампелографските и агробиолошките карактеристики како и за клонската селекција на сортата Кратошија говореа проф. д-р Климе Белески, од Земјоделски институт – Скопје и проф. д-р Весна Мараш од Биотехнички факултет при Универзитет во Црна Гора, особено потенцирајќи ја нејзината хетерогеност и разликите помеѓу Вранецот и Кратошијата како постојана тема во секторот.

Ампелотехничките мерки кои водат до подобрување на квалитетот на сортата Кратошија, давајќи акцент на редукција на приносите како и дефолијација на насадите ги дискутираше д-р Душко Неделковски од Земјоделскиот институт – Скопје. Тој исто така говореше и за влијанието на климатските промени кои налагаат адаптација на мерките за одгледување на лозовите насади.

За хемискиот состав и сензорната анализа направена врз основа на доставените мостри на вина од сортата Кратошија, зборуваше д-р Милена Тасеска Ѓорѓиевски од Земјоделски институт – Скопје. И покрај спецификите кај сите производители на вина од оваа сорта, главно поради применетата технологија и годината на берба, таа генерално ги опиша како вина кои се добро обоени, со одлична хармоничност, умерена трпкавост и висок процент на алкохол и вкупни киселини.

д-р Пасквале Венерито, од „Basile Caramia“, Центарот за истражување, експериментирање и обука во земјоделството, Локоротондо во Италија го опиша историскиот пат и карактеристиките на сортата и вината на Кратошијата во Италија, позната под синонимот – Примитиво.

Со последната презентација, проф. д-р Наташа Штајнер од Биотехнички факултет во Љубљана, даде објаснување за молекуларната карактеризација на сортите винова лоза (Vitis vinifera L.) која е работена со земјите од Западниот Балкан. Таа како и сите научни работници на конференцијата се согласија дека истражувањата за оваа сорта треба да продолжат, со цел нејзино промовирање и афирмирање на балканските простори.

Настанот заврши со презентација и дегустација на вината од сортата Кратошија.

Земјоделски институт Скопје конференција Кратошија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.