НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Веселите пиштолџии“ во валкана хајка

0
By Xhabir Deralla on April 27, 2023 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Не мора да се прави посебна анализа на настапот на еден понизен послушник на режимот на Груевски, кој за награда доби амбасадорско место во Бразил, и еден сакам-да-бидам-новинар, верен режимски слуга, кој ќе остане запаметен по урнебесниот лапсус пред камери кога МВР го нарече МВРО како што го нарекуваше и режимската министерка во тоа време.

Радио/видео настапот на овие двајца на 24 април зрачи со неконтролирана злоба и омраза. Човек просто да не верува како може некој да нареди толку неповрзани зборови едно по друго во бесмислена и грда смеса од простотилак, фрустрација и агресија. Впрочем, ништо ново. Се работи за само уште еден од безбројните напади со лични навреди и дисквалификации (првенствено против мене), медиумски хајки и линч како во „најдобрите“ денови на режимот и какви што, не се секирајте, ќе има уште многу на патот кон ЕУ. Изборната трка започна одамна, а како што ќе изминува 2023 година, антиевропските пропагандисти ќе ги засилуваат нападите токму против релевантните и кредибилни извори на информации.

Воедно, функцијата на овие двајца е, колку што можат, знаат и умеат, да учествуваат во операцијата „маратонско пропагандно гракање“. Не е важна смислата, важно е непрестајно да се удира по пропагандниот барабан. Така функционира таа машинерија – со лаги, злоба и деструкција. А овде зборуваме за едно потпросечно издание на таа пропаганда.

Освен со омраза и лични навреди и клевети, настапот на Боцевски и Златев беше преполн со противречности, лаги и манипулации. Тие јавно се соголија и ја покажаа својата исклучително валкана, неприкриена омраза, агресија и деструкција кон демократските процеси во една земја. Спротивно на сѐ што подразбира јавниот интерес.

Гледајќи ги, неизбежно се наметнува впечатокот дека немаат поим (за) што зборуваат. Но без оглед на тоа, тие ги кршат сите принципи на професионалност и етика во медиумите и јавната комуникација. Покажаа елементарна неинформираност и незнаење. Една евтина импровизација која никому не му служи за ништо. Освен можеби ним лично, за да ја заработат својата надница за валканото пропагандно завивање пред микрофоните.

Со крајно невешта замена на тези и лошо прикриената омраза кон Западот, однесувањето на овие двајца потсетува на мортус пијаните „патриоти“ под сенката на споменикот на Никола Карев пред Собранието во јули минатата година.

Меѓу сите груби лаги и манипулации што беа изнесени во текот на овој неславен настап на овој дует, е и тешката лага дека Цивил Медиа објавил текст во кој еден новинар бил нападнат врз основа на неговата етничка припадност. Лажната одбрана на уредниците на овој лош медиумски продукт отиде дотаму што „бранејќи го“, токму тие го потенцираа етничкото потекло на споменатиот новинар и го потценија, како него, така и цела една етничка заедница. На крајот, единствено што може да се заклучи за овие двајца мразачи во етерот е дека се недоделкани незнајковци, без почит и познавање на културата на другите етнички заедници.

Во таа тешка егзалтација, „заборавија“ и да го цитираат текстот што им беше повод за оваа секвенца од тажниот им настап. Мораа да го „заборават“ затоа што, во спротивно, ќе дојдеа во судир со самите себеси. Инаку, се работи за текстот „Медиумите на кратко јаже со центарот на лагите“ од новинарскиот ветеран Љубомир Костовски, објавен на Цивил Медиа, во кој се анализира работата на дел од македонските медиуми.

Вистината е дека во текстот кој дуетот Боцевски-Златев го користат како муниција во валканиот пропагандистички напад против Цивил, ни оддалеку, буквално со ништо не се ни навестува нешто што би упатило на етничка или било каква припадност на новинарот. Таму нема ништо што асоцира на припадност, освен матичната медиумска куќа и препознавање (и опсервација) на работата на новинарот. И тоа во контекст на медиумската куќа. И ништо повеќе.

„Одбраната“ на овие весели вербални пиштолџии ги откри токму нив како националисти, преполни со предрасуди и стереотипи. И омраза.

Цивил е македонска граѓанска организација што постои 23 години, меѓународно позната по своите вредности и бескомпромисни заложби за човекови права и слободи, за еднаквост и почитување на различностите. Тоа барем не мора да се објаснува – познато е, признато е, прифатено е.

Но дали во овој отровен настап на овие, како од ланец пуштени, мразачи се крие стравот и на нивните газди?

Многу веројатно. И тоа набрзо ќе го откриеме.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.