НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светските медиуми за пукањето во училиштето: Србија со највисок број жители кои поседуваат оружје

0
By Соња Крамарска on May 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Престрелката во училиштето во Врачар, во која, како што потврдија од МВР на Србија, загинаа осум ученици и еден чувар, додека седум лица се ранети, е тема на светските медиуми.

Скај њуз објави дека девет лица загинале, осум ученици и еден чувар, откако седмоодделенец отворил оган врз своите врсници.

Си-Ен-Ен се повикува и на N1 и го пренесува соопштението на МВР на Србија дека сите расположливи патроли веднаш излегле на терен и го привеле осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.

Британски Мирор, повикувајќи се на српското Министерство за внатрешни работи, пренесува дека неколку деца се повредени, а еден чувар е убиен откако момчето му го украло пиштолот на татко му и отворило оган кон своите врсници во Србија.

Полицијата излегла на лице место каде пронашла 14-годишно момче со оружје во рака.

Тој, наводно, отворил оган за време на часот по историја, погодувајќи неколку врсници, персонал од обезбедувањето и една наставничка, се вели во првичните извештаи.

Ја пренесуваат и изјавата на ученичката која рече дека кога ги слушнала звуците помислила дека некој фрла петарди во училницата, како и изјавата на таткото на Милан Милошевиќ, која ја дал на телевизијата Н1.

Мирор додава дека масовните убиства се многу ретки во Србија, но дека експертите упорно предупредувале за оружјето што останало во земјата по војните во 90-тите години и за постојаните економски проблеми кои можат да бидат поттик за вакви ситуации.

Би-Би-Си, исто така, истакнува дека масовните пукања се ретки во Србија, која има многу строги закони, но дека бројот на луѓе кои поседуваат оружје е еден од највисоките во Европа, со 39,1 на 100 луѓе, според извештајот од 2019 година.

Оттаму додаваат дека истрагата е во тек.

пукање во Србија Светски медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.