НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новитет во најава: Каматата на долгот нема да биде поголема од долгот

0
By Соња Крамарска on May 3, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и парламентарното мнозинство предложи законски измени со кои ограничуваме каматата да не може да биде поголема од долгот, објави денес шефот на пратеничката група Јован Митрески.

Станува збор за предложени измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување.

Со овие измени казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.

Односно, кога износот на стасаната, а не исплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече.

Во пракса тоа значи, на пример за долг од 500 денари, максималниот износ на каматата да биде 500 денари. Или за долг од 1.000 денари, максималниот износ на камата да биде 1.000 денари.

„Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ одколку што навистина должеле“, рече Митрески.

За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале.

Дополнително, со предложените законски измени се предвидува скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

Тоа значи намалување на можноста за акумулирање на камата и за оневозможување на енормна заработка од камата. Од друга страна значи и стимулирање на доверителите за поефикасна и побрза реакција при наплата.

„Со ова ставаме крај на праксата граѓаните пред истекот на 10те години, пред истекот на рокот за застарување да добиваат извршни решенија, решенија од извршители за долг кој можеби не ни знаеле дека постои поради долгиот временски период, дополнително зголемен со енормен износ на камата“, рече шефот на пратениците од СДСМ.

„Таквите поплаки од граѓаните доаѓаат до нас пратениците, доаѓаат до вас медиумите реално се случуваат во секојдневниот живот и со вакви законски измени вистински решаваме еден долгогодишен горлив проблем. Пред извесен период како  парламентарно мнозинство предложивме и изгласавме измени на законот за облигациони односи каде договорната камата не смее да биде поголема од главниот долг. Со ова имаме фер законско решение за кое очекуваме силна поддршка од сите пратеници“, истакна Јован Митрески.

измени на закон јован митрески камата на долг пратеничка група на СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.