НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија ќе сликаат мурал со мировна порака

0
By Ана Василевска on May 4, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Младите за мир-сликање на мурал
Младите за мир-сликање на мурал
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесет и еден млади уметници од Франција, Германија и од Северна Македонија се дел од проектот на Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја“ од Тетово насловен „Оставете нè во мир!“, кој има за цел зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите од трите земји, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста.

Проектот се оствраува од 1 до 7 мај со поддршка на Француско-германската канцеларија за млади и Француско-германскиот културен фонд, во рамките на програмата „Наша Европа, наша иднина“ и во чест на 60-та годишнина од потпишувањето на Елисејскиот договор.

Младите, по седум од секоја од трите земји, под менторство на тројца реномирани уметници – Французинката Ема Попи, Германецот Дамјан Ив Род и Украинката Марина Сорокина – Сомари, изминатите два дена поминаа обука за сликање мурал. Обуката се одржа на 2 и 3 мај во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, во присуство на средношколци од гимназијата.

Младите креативци денеска и утре ќе работат на муралот во Градскиот парк во Скопје (веднаш до ноќниот клуб „Pure”, наспроти главниот влез на поранешниот Луна парк).

„Тие заедно ќе го осмислат муралот со пораки за мир во Украина и во светот, а пораката за мир треба да одекне широко до сите граѓани, до љубителите на уметноста и до младите“, наведуваат организаторите.

Воедно, денеска, во 16:00 часот, во Europe House, ќе биде организирана и дебата на идеи „Европа е нашата иднина“, на која ќе земат учество млади уметници и домашни експерти, а ќе разговараат за актуелните предизвици пред кои се наоѓа Европската Унија, како и за иднината на Балканот. Дебатата се одржува во знакот на 60 години од Елисејскиот договор.

Уште еден помал мурал ќе биде изведен во општина Тетово со цел, како што се наведува, потсетување дека европската интеграција е единствената иднина за младите.

Муралот треба да биде завршен утре, а ќе биде одбележан со изјави на носителите на проектот директорите на Францускиот институт во Скопје и Гете институтот.

По завршувањето на проектот, ќе има видео запис којшто ќе биде споделен на социјалните мрежи. Ќе биде реализирана и изложба на фотографии на голем формат, која ќе биде прикажана во повеќе градови во Северна Македонија, а ќе го носи насловот „Младите за мир“.

Млади уметници мурал Француско-германскиот културен фонд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.