НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на министерката Петровска со американски конгресмени: соработката на Северна Македонија и САД во одбраната е на највисоко ниво

0
By Marta Pesevska on May 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стратешкото партнерство помеѓу Северна Македонија и САД,  одличните билатерални одбранбени односи, осудата на руската агресија врз независна и суверена Украина, безбедноста во регионот и пошироко, беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана  разговараа министерката Славјанка Петровска и делегацијата на американски конгресмени предводена од конгресменот Верн Бјукенен.

„Северна Македонија е посветен сојузник кој цврсто верува во заедништвото и во вредностите кои нè поврзуваат. Соработката со САД, нашиот стратешки партнер со кој развивме стратешки дијалог е на досега највисоко рамниште. Поддршката од САД минатата година достигна близу 50% од националниот буџет за одбрана што е уште една потврда за долгорочната и одлучна поддршка на стабилноста на Република Северна Македонија од стратешкиот партнер. Стратешкото партнерство и пријателство со САД и нашето инвестирање во опремувањето на Армијата, овозможуваат да се остварат зацртаните проекти на опремување и модернизација и да ги исполниме НАТО целите на способности“, рече министерката на средбата.

Петровска се заблагодари за долгогодишната поддршка која македонската Армија ја прави уште посилна, поспособна и опремена со современо вооружување и опрема.

Во однос на безбедносната состојба, министерката истакна дека Северна Македонија беше јасна од самиот почеток, во осуда на руската агресија врз Украина.

„Северна Македонија беше и јасна и гласна од почетокот на агресијата – дека таа претставува целосно прекршување на меѓународниот правен поредок и дека мора да запре. Истовремено ние донесовме серија на одлуки со кои ја поддржавме Украина која има право да ја одбрани својата територија и својот народ“, рече Петровска.

Конгресменот Бјукенен, во име на целата делегација ја поздрави континуираната поддршка од Северна Македонија за одбрана на Украина од руската агресија и изрази поддршка за силното партнерство и сојузништво помеѓу двете земји.

Петровска САД средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.