Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

120 инциденти за неколку дена во Белград: Во болница примени четири деца со психички проблеми, две сакале да се убијат а две да убијат некого

0
By Ана Василевска on May 9, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 9, 2023 13:00

Изминативе денови во Србија се пријавени повеќе од 120 инциденти поради закани од ученици, како и објавување несоодветни содржини на социјалните мрежи, а за само еден ден на одделот за детска невропсихијатрија во Белград биле примени четири деца, две сакале да се убијат, а две сакале да убијат некого.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ изјави дека состојбата на најтешко ранетата ученичка од „Рибникар“ и понатаму е критична, две момчиња се во шок соба, на едно лице му е изваден бубрегот, на една ученичка и е отстранета раката и дека за останатите се уште е потребна медицинска нега.

Грујичиќ изјави дека по трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во која на 3 мај загинаа осум ученици и еден обезбедувач, а шест наставници беа ранети, се зголемил бројот на деца кои се жалат на психички проблеми.

Таа за ТВ Пинк изјави дека за само еден ден четири деца биле примени на одделот за детска невропсихијатрија во Белград, две кои сакале да се убијат, а две кои сакале да убијат некого.

Грујичиќ додаде дека Министерството за здравство подготвува мобилни тимови кои ќе одржуваат предавања во училиштата и ќе отвораат дискусии „за сите видови зависности“ и повика да престане да се повикува на насилство преку социјалните мрежи, оценувајќи дека тие што пишуваат вакви пораки се „најобични будали“.

Министерството за внатрешни работи на Србија вчера соопшти дека во последниве денови во полиција се пријавени повеќе од 120 настани поради закани од ученици, како и објавување несоодветни содржини на социјалните мрежи.

Шефот на Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, Бранко Стаменковиќ изјави дека и најмалку заканувачките пораки на социјалните мрежи ќе бидат проверени до крај, а тоа вклучува и утврдување на локацијата на емитувањето, претрес и апсење.

Во Суботица е уапсен малолетникот Д.У, ученик во гимназијата „Светозар Марковиќ“, бидејќи во разговор со училишниот психолог рекол дека не размислувал да направи масакр во училиштето, туку дека нешто слично му текнало да изврши во близина на градинка.

Како што соопшти „Блиц“, случајот против него е во тек, откако американското ФБИ открило и пријавило до надлежните органи дека малолетникот на интернет креирал налози со имиња на масовни убијци, а истражувал и како да направи бомба. 

Малолетници со психички проблеми Масовни убиства во Србија По масакрите во Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.