НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претставката на Антикорупциска комисија за Груби не е стигната кај Грковска

0
By Соња Крамарска on May 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска ја нема добиено претставката од Антикорупциската комисија за вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби кој службените простории ги користеше за партиски цели.

Во изјава за медиумите, Грковска денеска најави дека штом ја добијат претставката, по неа ќе биде постапено како и со сите претставки досега, „врз основа на аргументи“.

„И досега сме постапувале непристрасно, без оглед на тоа за кого станува збор“, рече Грковска.

Според неа, има промена во начинот на однесување кај некои функционери и во зголемувањето на свесноста за разлика од порано и смета дека со мерките што се преземаат ќе дојдеме до момент кога некој ќе понесе одговорност за несовесно работење.

„Има промена во начинот на однесување кај некои функционери, во зголемување на свесноста, меѓутоа тоа е прашање на време, не се случува преку ноќ. Јас сум сигурна дека со ваквите мерки ќе дојдеме до оној момент кога ќе посведочиме некој да понесе одговорност за несовесното однесување“, рече Грковска.

Грковска вели дека заложбите се само декларативни затоа што, како што вели, мерките што ги овозможува Етичкиот кодекс се конкретни.

„Меѓутоа, тоа не е закон, нема можност за прекршочни одредби. Станува збор за етички мерки само што ние како општество се уште, за жал, не сме до дојдени до тој степен етичките мерки и Етичкиот кодекс да бидат со таа сила да влијаат многу повеќе отколку прекршочните одредби. Ние сме се уште до тој степен дека е полесно да се плати казната отколку да се внимава на тоа како да се однесуваме“, оцени вицепремиерката за политики за добро владеење.

Антокорупциска комисија Артан Груби Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.